Ема Корин - нова ѕвезда и на филмската и на модната сцена

1 декември 2020

Четвртата сезона на серијата „Круна“ привлече огромно внимание, а дел од причините за тоа се и појавувањето на Маргарет Тачер (ја толкува Џилијан Андерсон) и Лејди Дајана, улога која ѝ припадна на Ема Корин.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Emma Corrin (@emmalouisecorrin)

Младата актерка денеска го прославува 25 роденден и веројатно не ни претпоставувала дека 2020 ќе ѝ донесе огромно внимание.

Родена е во Англија, нејзиниот татко е бизнисмен, а нејзината мајка е професор за ораторство. Актерството отсекогаш ја привлекувало, но освен ова образование, Ема се образувала и за наставник и една година волонтирала во Јужна Африка, поточно во Кенија, за да им помогне на тамошните деца да се образуваат.

Сепак, во последните три години актерството е нејзинот фокус. Досега имала неколку филмски и телевизиски улоги, но ниту една не привлекла вакво внимание.

На прашањето дали смета дека успеала, ќе рече: „Пред некој ден другарка ми ми прати фотографија од огромен билборд во Англија со Оливија Колман, Џилијан Андерсон и мене. Тоа ми е навистина фасцинантно, го сметам за голема работа“, вели младата актерка.

И покрај тоа што модните медиуми првин посветија внимание на тоа како е претставена Лејди Ди и колку костимите се веродостојни на она што навистина го носела, дел од најпрестижните почнаа да се занимаваат и со личниот стил на Ема Корин.

Од досегашните појавувања, соработки со модни магазини и дизајнери (едно од заштитните лица е на брендот  “JW Anderson“), воочливо е дека Корин е модно смела.

Некои ја нарекуваат и женскиот Хари Стајлс поради способноста за трансформација и андрогеноста во стилот. 

Корин сака впечатливи парчиња, што некогаш подразбира нагласени ракави, необични кроеви, некогаш пак интензивни бои или принтови, а некогаш и изразен сексапил.

Боб фризурата ја негува веќе години наназад и не е некој страствен љубител на накит, но мора да се признае дека одлично ѝ прилега.

Погледнете некои од нејзините највпечатливи модни изданија досега. 

Нема сомнеж дека таа полека станува новата омилена ѕвезда на модните дизајнери, па фантастични модни изданија од неа допрва ќе следат.

 

Miu Miu - Филмски фестивал во Венеција

Miu Miu - Филмски фестивал во Венеција

Во Valentino на премиерата на „Misbehaviour“

Во капут на Miu Miu, на ревијата на брендот за време на Париската модна недела

Во одело од брендот Celin на настан во организација на „Вог“ во Лондон

Во Chanel фустан од тантела на премиерата на 'Pennyworth' во Лос Анџелес

 

Во црн фустан со светки на БАФТА наградите

Објавено:
1 декември 2020
Категорија: 
Модна икона
Прочитано:
622 пати