Емилија Кларк - модна инспирација за ниските жени

12 ноември 2019

Емилија Кларк е една од најпопуларните актерки од новата генерација. Серијата „Игра на престоли“ ја вивна во ѕвездите.

Емилија Изабел Јуфимија Роуз Кларк е нејзиното целосно име. Родена е во место во близина на Лондон. Како дете на тонец во театар, после изгледан мјузикл, ја развива љубовта за глума. 

Како дете била изложена на шеги поради веѓите. Мајка ѝ ѝ забранувала да ги средува и ѝ кажала дека ќе ѝ биде благодарна кога ќе порасне, што актерката и ќе го потврди.

Кога дефинитивно одлучила дека ќе се занимава со актерство, нејзините родители не биле воопшто среќни. 

„На татко ми му соопштив дека планирам да се занимавам со глума, а тој ми рече дека постои само една реченица која би требало да ја научам. Го прашав која, а тој ми кажа: „Дали сакате и помфрит со оброкот?“, изјави актерката во едно интервју.

Инаку, студирала на Оксфорд пет години, а дипломирала на Академијата за глума и уметности во Лондон.

Еден од омилените филмови ѝ е „Clueless“ од 1995 година. Пред да ѝ се случи улогата во „Игра на престоли“ има неколку неуспешни филмски и театарски улоги. 

Во 2010 година, тогаш 24. Емилија Кларк изнајмила мал стан со пријателите во Лос Анџелес, работела на шест различни места за да може да ја плати киријата, но не ја изгубила надежта дека еден ден ќе добие интересна понуда. 

Една вечер на телефон ѝ се јавила нејзината агентка која ѝ соопштила дека „Ејџ-Би-О“ бараат девојка за улогата на Денерис Таргарен за телевизиска адаптација на романот на Џорџ Мартин. Аудицијата била закажана за утре дента. „Мораш да играш во „Игра на престоли““, ѝ потенцирала агентката.

Емилија не знаела со кого ќе се сретне, па на Интернет прочитала за што се работи и да, знаела дека мора да биде дел од овој проект.

Актерката имала 24 часа да се подготви за аудицијата и да ја замени Тамин Мерчант. Уште не познато зошто Мерчант е исфрлена од серијата, но на Емилија секако ѝ се насмевнала среќата. Режисерот бил и повеќе од задоволен, а последниот услов што требало да го исполни е да се види дали ѝ стои да биде русокоса. Остатокот го знаете. 

За малку ќе ја гледавме и во „Марвеловиот" универзум. Таа беше на аудиција за улогата во филмот „Капетан Америка: Зимскиот војник", но продуцентите сепак ја земаа Емили Ванкамп. Потоа, за малку ќе беше дел и од „ДС - светот". Кларк беше една од актерките кои требаше да ја толкуваат Волшебничката во „Suicide squad", но улогата сепак ѝ припадна на Кара Делевињ.

После оваа серија, таа го снима и филмскиот хит „Me before You“. Приказната толку ќе ја инспирира што ќе направи и тетоважа на прстот во чест на филмот.

Во 2013 година ќе доживее здравствена драма. После претстава ќе ѝ се слоши, а во болница ќе утврдат дека ѝ пукнала мозочната анеуризма. За среќа, ќе успее потполно да закрепне и да го доживее успехот што ја чека.

Приватно сака јавање, лизгање, веслање и скијање.

Висока е 157 сантиметри, а пријателите и роднините ја викаат Мили. Со популарноста се подобруваше и нејзиниот стил, па денес е една од најдобро облечените ѕвезди.

Таа е вистинска модна инспирација за ниските жени. Иако честоапти можете да прочитате дека миди должината не е за ниски жени, Емилија Кларк го покажува токму спротивното. Всушност, препознатлива е по тоа што најчесто носи здолништа и фустани со должина до над глуждовите.

Мини здолништата речиси и да не ги практикува. Високите потпетици се нејзин чест сојузник, но може да се види и во балетанки или чевли на ниска потпетица, што само говори дека не е искомплексирана за својата височина.

Од фотографиите во продолжение ќе видите дека таа не се лиши од ниту еден моден тренд, но го приспособува на своето тело. Знае да го истакне горниот дел од телото (рамениците) или да се појави со длабоко V-деколте, кое совршено ѝ прилега поради малите гради, а долниот дел да го скрие и да добие впечатлив изглед на кој ќе ѝ позавидуваат.

Ако се пронаоѓате во нејзиниот изглед и стил, во продолжение погледнете неколку од нејзините најдобри појавувања во последно време, во модна смисла и инспирирајте се:

 

 

 

Објавено:
12 ноември 2019
Категорија: 
Модна икона
Прочитано:
5.596 пати