Ева Лонгорија - модна инспирација за оние што го преферираат минимализмот

15 март 2021

Познатата актерка Ева Лонгорија денеска го прославува 46 роденден. По тој повод ние одлучивме да се осврнеме на нејзиниот стил низ 46 фотографии.

Ако сте љубител на минимализмот како естетика, тогаш нејзините комбинации ќе ви го привлечат вниманието.

Со оглед на тоа дека е ниска, но има облини, таа е добар пример како да го истакнете најдоброто, а да го сокриете недостатокот.

Нејзината модна формула се состои од неколку трикови и е мошне едноставна.

1. Еднобојни комбинации

2. Беж нијанси

3. Обувки со висока потпетица во беж нијанса, или транспарентни 

Ова е светото тројство на Ева со кое секогаш изгледа беспрекорно.

Трите точки ѝ овозможуваат визуелно да изгледа повисока.

Кога е кројот во прашање, најчесто носи облека која ги истакнува нејзините облини. Но, ако треба да се изберат три фаворита од нејзиниот гардеробер тогаш тоа би биле оделата (кои во последно време ги носи се' почесто и во поширок крој), миди фустани и џинс+лежерна кошула. 

Ова се најчестите комбинации во кои се појавува, не сметајќи ги тука костимите за капење, кои навистина ужива да ги носи и често објавува фотографии на инстаграм во нив.

Секогаш средена коса и природна шминка го надополнуваат нејзиниот секогаш префинет вкус. Знае да изненади со некое парче со принт, но повеќе може да одбере интензивна боја отколку нешто премногу широко.

Со редовно вежбање ја одржува линијата. На 43 години го доби синот Сантијаго, а благодарение на дисциплинираноста, успеа да ја врати линијата после бременоста, во која се поправи повеќе од 20 килограми.

Ведрата насмевка и природноста се нејзиниот највпечатлив моден додаток. 

Во продолжение погледнете уште неколку фотографии кои го потврдуваат ова што го зборуваме и кои ќе бидат супер инспирација и готов моден рецепт кој можете да го примените.

 

Објавено:
15 март 2021
Категорија: 
Модна икона
Прочитано:
6.103 пати
Тагови: 
Ева Лонгорија