Евелин Незбит: Запознајте се со првиот супермодел

6 јануари 2015

7645838588_1ea44022a0_b

Евелин Незбит е името на првиот светски супермодел. Тоа е жената што внесе промени во културниот и општествен живот, притоа самата имајќи мошне контроверзна животна приказна.

На почетокот на 20-тиот век, црвенокосата Евелин Незбит од Филаделфија била најбараниот модел во Америка, пренесува Би-Би-Си.

Животот ѝ бил бурен и возбудлив, за неа е врзано и едно од „судењата на векот“, поради убиство направено поради неа, но ништо од тоа не ја намалило славата со која се здобила.

Незбит на повеќе начини и нивоа била отелотворување на ерата во која живеела. Крајот на 19-от век е период кога во САД се случува рапиден економски раст, за разлика од Европа, каде владее сиромаштија, па голем број од имигрантите одлучиле среќата да си ја побараат токму во САД.

4cc6034de36a191f0aa683b80b3bad29

Евелин ги видела и двете страни. Родена е во скромно шкотско-ирско семејство во Пенсилванија. Татко ѝ по смртта им остава долгови, а мајка ѝ едвај заработувала за живот. Така младата Евелин морала да почне да работи уште на 14 години – комплетно облечена им позирала на уметниците и илустраторите. Во Њујорк пристигнува во 1900-тата, а нејзиниот успех се шири со брзина на светлоста. Џејмс Керол Беквит ја запознава со уметници и илустратори и Незбит станува најбараниот модел во Њујорк. Инспирирала бројни уметници и дела. Нејзиното лице ги красиле насловните страни на бројни магазини, вклучувајќи ги и Venity Fair, Harper’s Bazaar, Lady’s, а рекламирала сè – од пасти за заби до креми за лице.

Нејзиниот лик бил дел од бројни разгледници, кутии за цигари, календари, а често позирала облечена и како нимфа, грчка божица или гејша.

Модната фотографија во тоа време била во развој, а Евелин како „жив модел“ позирала пред пионерот Џоел Федер и станала хит. Како што фотографите станувале сè попопуларни и нивните дела почнале да ги заменуваат илустрациите, така оваа млада убавица станувала сè побарана.

Во 1901 добила улога на Бродвеј, а набрзо нејзиното име почнало да се појавува во трач рубриките.

3346039681_0b6d4de914_b

Како и денешните нејзините колешки, Незбит била икона на своето време и совршено олицетворение на парадоксот – со една нога во строгото викторијанско време, а со другата на почетокот на нескротиливите 1990-ти. Беше американска девојка од соништата.

За време на работењето на Бродвеј, го запознала архитектот Стенфорд Вајт, чија компанија работела на некои од обележјата на Њујорк, а тој многу бргу станува нејзин љубовник, опсипувајќи ја и неа и нејзиното семејство со екстравагантни подароци и елегантен и луксузен стан.

Annex - Nesbit, Evelyn_NRFPT_01

Кога нивната врска пропаѓа, Евелин се омажила за милионерот Хери Тов, по што доаѓа до драматичен развој на случувањата. Луд од љубомора и бранејќи ја честа на својата сопруга, Тов го убива Вајт. Евелин била ѕвезда на судењето на кое се изнесени шокантни детали од нејзините често и насилни врски со мажите.

Нејзината мајка е обвинета дека ја проституирала ќерката на Вајт. Медиумите известуваа за плишаната лулашка во станот, што тој ѝ ја подарил, а поради големото медиумско внимание, за прв пат во американската правна историја, поротата била изолирана.

Тов е осуден за доживотен престој во ментална институција, а супермоделот не само што стана жртва на културата која ја создаде, туку и создаде нов живот за себе како мајка, актерка во неми филмови и авторка на две книги со мемоари.

Evelyn_Nesbit_12056u

evelyn-nesbit-1885-1967-granger1

Harvard_Theatre_Collection_-_Evelyn_Nesbit_TCS_2_(seq_35)

Нејзината мајка е обвинета дека ја проституирала ќерката на Вајт. Медиумите известуваа за плишаната лулашка во станот, што тој ѝ ја подарил, а поради големото медиумско внимание, за прв пат во американската правна историја, поротата била изолирана.

Тов е осуден за доживотен престој во ментална институција, а супермоделот не само што стана жртва на културата која ја создаде, туку и создаде нов живот за себе како мајка, актерка во неми филмови и авторка на две книги со мемоари.

Објавено:
6 јануари 2015
Категорија: 
Модна икона