Фантастичната Ирис Апфел го прослави 100 роденден: Социјалните мрежи содржат ужасно високо ниво на нарцизам

30 август 2021

Не често се случува да бидеме сведоци како една уникатна жена, по многу параметри, го прославува 100 роденден, вест што ја пренесуваат медиуми ширум светот, почнувајќи првин од модната библија „Вог“.

Ајрис Апфел со балони што го формираат бројот 100, со нејзиниот препознатлив еклектичен моден стил и широка насмевка, вчера прослави еден век живот.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Iris Apfel (@iris.apfel)

И ако судиме по енергијата што ја емитира дури и вака виртуелно, нема намера да застане, а и не треба.

Таа е вистинска мотивација за тоакако да се живее животот без да мислите на тоа колку сте возрасни и дали нешто ви прилега.

Ајрис, од една жена за која пред неколку години речиси ја знаеше само одреден круг луѓе, денес е модна муза. Од едиторијали и колекции облека, преку колекции шминка, модни додатоци - дизајнерите и креативците имаат чест да делат исто време, иста епоха со жена како Ајрис.

Во чест на нејзиниот 100 роденден, ние се потсетуваме на некои нејзини мудри мисли за модата, стилот, животот...

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Iris Apfel (@iris.apfel)

За оние што можеби првпат се сретнуваат со нејзиниот лик и дело (а веруваме нема многу такви) таа долги години работела како моден дизајнер и дизајнер на ентериер, страствен патувач е кој од секое место бара естетика која ќе ја донесе до инспирација, а притоа има место во нејзиниот дом. Својата кариера ја почнува во 40-тите како новинарка на Women's Wear Daily, еден од најваторитативните модни весници, а во текот на кариерата се занимава со дизајн на накит и со уредување на ентериери. Така, таа со сопругот, го декорира просторот во Белата куќа за девет претседатели, а заедно ја основаат и текстилната компанија Old World Weavers. Самата на шега се нарекува „геријатриска старлета", а всушност бидувајќи тоа што е, им дава домашна задача на жените кои бараат внимание притоа копирајќи се едни со други.

--Никогаш не престанав да работам, но никогаш не ни сонував дека ќе бидам „гериатриска старлета" (се смее). Понекогаш знам да се пожалам, но секоја ноќ сум благодарна дека и на овие години речиси ме бараат за многу работи, за насловни страници на магазини и ред други ангажмани. Сум била на насловната страница на секој европски магазин на кој можете да се сетите, како и на блогови и телевизиски шоу-а - вели Ајрис во едно интервју за „Ел“.

На прашањето што според неа значи да се биде шик, одговара:

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Iris Apfel (@iris.apfel)

-Тоа е голема дискусија...Сепак заклучокот е, за жал дека повеќето луѓе не се шик. Мора да знете кои сте и мора да ви е удобно во сопствената кожа. Едноставно тоа мора да го имате. Самоистражувањето е многу болно, но доколку не го направите, никогаш нема да знаете кои сте или кои сакате да бидете. Луѓето сакаат резултати без да направат ништо. Нема да дознаете кои сте доколку не работите на случајот. А оттаму произлегуваат и сите други креативни нешта. Мислам дека повеќето луѓе не знаат кои се во суштина. Тие се чувствуваат сигурно ако изгледаат како другите луѓе или ако се облекуваат на начин за кој сите велат дека е „ин". Не знаат што да облечат или како да ја носат облеката, а тоа ги прави несреќни. Но, стилот не се учи. Според мене, стилот е во нашата ДНК. Може да научите како да бидете модерни, како да се облекувате подобро, но стилот не се учи.

Градењето на сопствениот стил Ирис го започнува уште како мало девојче кога решила да создава модни додатоци, а секој четврток порано ги напуштала часовите и заминувала во различни делови од Њујорк за да ги разгледува богатите продажни салони .

За тоа како една личност да го најде својот стил, таа има неколку корисни совети:

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Iris Apfel (@iris.apfel)

-Доколку доволно се познавате себе си тогаш секако знаете во какви парчиња облека се чувствувате најудобно. Модната полиција нема да ве сопре доколку сте поинаков од другите бидејќи најважно е да сте среќни во тоа што го носите.

-Секогаш сум заинтересирана за нови предизвици. Обожавам да купам парчиња облека или модни додатоци за кои не знам многу, но доколку ми се допадне како изгледаат на мене, тогаш го заслужуваат целото мое внимание. Не бидете ограничени, експериментирајте со стилот додека не го пронајдете вистинскиот за вас.

-Луѓето многу често знаат да кажат дека им се допаѓа како некои парчиња го одразуваат нивниот стил. Јас не живеам планирано бидејќи на тој начин не можам да уживам ниту пак да посветам доволно внимание на тоа што навистина ме интересира. Најважно за стилот е да го слушате внатрешниот глас и да не се грижите за тоа што ќе кажат другите за вас.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Iris Apfel (@iris.apfel)

-На секого одлично би му стоело сако од „Шанел“, но тоа не значи дека сите работи може подеднакво убаво да стојат на сите луѓе. Истото се однесува и за боите. Треба да знаете точно што ви одговара, а сепак да не изгледате како накитена елка. Доколку е нешто тренди, а сепак не ви стои убаво не  купувајте го. Стилот не се создава по секоја цена, туку е начин да бидете уникатни, а не нечија копија. Јас на пример, не ги сакам пастелните бои, ме нервираат. Никогаш не би можела да бидам како мојата мајка  која во секое време изгледаше перфектно. Јас не сум таква. Неа сите ја гледаа на многу поинаков начин во однос на тоа како ме гледаат мене. Таа беше многу дисциплинирана во однос на модата. Не сум човек што планира. Ако треба однапред да планирам што би правела секој ден, би полудела. Човек сум што експериментира, љубопитна сум и сакам да пробам нови работи. Ако ми се допаѓа, повторувам.

Инаку, Ајрис е родена њујорчанка, била сведок на радикални трансформации на градот во секој сегмент вклучително и од аспект на стилот на неговите граѓани. Па на прашањето: дали ви недостасува старата модна сцена во Њујорк, таа одговара:

-Имаше величествена модна сцена и мислам дека повеќе не е таква. Ако прошетавте по Петата авенија во 50-те или 60-те, сите изгледаа толку убаво. Сега ако си педантен и добро облечен, изгледаш како „фрик". Беше еден сосема поинаков свет. По војната, Диор го донесе „новиот изглед". Тој правеше облека со волуменизирани здолништа и го врати духот на модата. А политичката клима, економијата, општествените навики – сето тоа се рефлектира на модата.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Iris Apfel (@iris.apfel)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Iris Apfel (@iris.apfel)

На тема модна и индустрија и социјални мрежи пак, има дециден став.

-Социјалните мрежи содржат ужасно високо ниво на нарцизам. Не ме интересира што сте ручале! Да се биде добро облечен е прекрасно работа, но не треба да биде закана по живот. Модните медиуми не прават многу за да ги смират главите на луѓето. Секогаш постои листа на 10 нешта што морате да ги имате и 10 нешта што се „аут". Облекувањето е мојата најмала грижа.

 

Објавено:
30 август 2021
Категорија: 
Модна икона
Прочитано:
1.058 пати
Тагови: 
Ајрис Апфел