МОДНА ИКОНА

Иконата Брижит Бардо полни 88 години

28 септември 2022

Француската актерка, моделка, пејачка и активистка за животинките права, Брижит Бардо денес полни 88 години.

Фото: Pinterest

Својата актерска кариера, Брижит ја започнува во 1952 година, а вистинската слава ја постигнува со нејзината улога во контоверзниот филм „И Господ ја создаде жената".

За време на нејзината актерска и музичка кариера, Бардо се појави во 47 филмови, неколку музички шоу-програми и има снимено над 50 песни. Во модата изврши револуционерно влијание преку стилот кој го практикувала. Отворените топови со линија која го нагласува вратот и ги покажува двете рамиња се популаризирани токму благодарение на Бардо. Одлучните потези кои ги направи во однос на модата ги охрабри жените да почнат да носат бикини-костими, а нејзината препознатлива волуменозна фризура со лента како детаљ стана моден евергрин.

Фото: Pinterest  

Таа се смета за еден од револуционерните женски ликови од минатиот век и била вистинска муза за уметниците од помладата генерација, а во 2007 година магазинот Empire ја стави на врвот од листата на 100-те најсексапилни актерки на сите времиња.

Фото: Pinterest

Фото: Pinterest

Фото: Pinterest

Во чест на нејзината големина и значајна улога во рушењето на табуата во однос на слободното изразување на женскиот сексапил и нејзиниот роденден, подготвивме галерија со фотографии кои ги овековечиле нејзините најдобри изгледи низ годините.

Фото: Pinterest

Објавено:
28 септември 2022
Категорија: 
Модна икона
Прочитано:
383 пати