Силата на добрата мисла

Како Хали Бери дијабетесот и депресијата ги претвори во ремек дело од своето тело и живот

14 август 2020

Иако најкоментираната 50-годишна позната личност е Џенифр Лопез, сепак таа не е единствената која изгледа добро. Хали Бери денеска го прославува 54 роденден, а од фотографиите што ги споделува на социјалните мрежи може да се види дека изгледа подобро од било кога.

Сепак, овој текст за неа како модна икона, нема да биде во контекст само на облеката која ја носи, туку за силата на мислата и волјата да се смени начинот на живот.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Halle Berry (@halleberry) onAug 9, 2020 at 3:07pm PDT

За неа некои ќе речат и дека е женскиот Кијану Ривс во Холивуд. Денес живее сосема различен живот од претходно, од времето на најголемата слава. На тоа претходеле тешко детство, подеми и падови и конечно освестување дека мора самата да го земе животот во свои раце и да го среди.

Така успа да го постигне речиси невозможното и да биде инспирација на многу жени.

Родена е на 14 август 1966 година во Кливленд. Нејзината мајка Џудит Ен е Англичанка од Ливерпул, додека татко ѝ, Џером Бери, Афроамериканец. Нејзините родители се разведуваат кога Хали има четири години. Мајка ѝ во тоа време работи како медицинска сестра на психијатрија, каде Џером бил курир и ќе продолжи сама да се грижи за Хали и две години постарата Хајди. Се селат во Бедфорд, предградие каде најчесто се населени белци.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Halle Berry (@halleberry) onAug 6, 2020 at 6:03pm PDT

-Татко ми нè напушти кога имав четири години. Не се ни осврна на мајками, постарата сестра и мене. Тој е алкохоличар. Додека бев мала, ги мачеше нашите домашни миленици и ја тепаше мајка ми. Додека сум жива не сакам ниту да го видам, ниту да го слушнам. Сепак, долго време празнината од татковата љубов и внимание се обидував да пополнам со партнерите, но сфатив дека е невозможно да се пополни и дека ќе остане празнина засекогаш. И научив да живеам со тоа, а тешкото детство не ме спречи да бидам успешна - изјави актерката во една пригода.

Поради бојата на кожа трпи навреди уште од училишните денови, но нејзината мајка ќе ѝ помогне да не се осврнува на тоа што мислат другите, туку да продолжи да чекори напред.

-Мајка ми ми ја разви свеста дека е важно вредно да се работи и никогаш да не се откажувам. И покрај сите омаловажувања поради тоа што сама ги расте децата од мешан брак, сепак успеа да ни обезбеди среќен живот и ништо не посакувавме друго - раскажува Бери во едно интервју.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Halle Berry (@halleberry) onJul 27, 2020 at 8:46am PDT

Во средно училиште покажува сестран интерес - членува во училишниот весник, навивачка е на училишниот тим, претседателка на клас, а во четврта средно и кралица на матурската забава.

За да ѝ помогне на мајка си и да почне да заработува, паралелно со обрвските во училиште работи во детско оделение во една стоковна куќа. Инаку, нејзината убавина отсекогаш била забележителна, па не изненадува податокот дека била Мис Охајо, Мис тинејџерка САД, а во 1986 година е прва придружничка на изборот за Мис Америка.

Истата година станува првата Афроамериканка која ја претставува својата земја на избор за Мис свет во Лондон, каде освојува шесто место. ПОсле тоа одлучува да ги напушти студиите по телевизиско новинарство и одлучува да работи како модел и да започне кариера во шоу-бизнисот. Нејзината почетна станица е Чикаго, а потоа заминува за Њујорк, каде работи како модел за каталози и едвај успева да спои крај со крај.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Halle Berry (@halleberry) onJul 14, 2020 at 12:49pm PDT

-Живеев со бескуќници во прифатилиште, бидејќи не можев да најдам работа, а мама не сакаше парично да ми помогне. Но, жената ќе направи тоа што е неопходно. Кога нешто многу сакаш и кога си амбициозен, мора да успееш, бидејќи не планираш да се вратиш дома - раскажа Бери во една емисија.

Една од првите адуции на кои се појавува е онаа за „Чарлиевите ангели“. Иако не ја добива, продуцентот Арон Спелинг ѝ кажува да не се откажува од сонот да стане актерка. Првата улога ја добива во серијата „Living Dolls“, но во текот на снимањето паѓа во кома како последица на низок шеќер во крв. Тогаш ќе се соочи со дијагнозата дијабетес тип 2, но и со него ќе се избори, а доказ за тоа е и нејзиниот изглед и животен стил денес.

-Не знаев што се случува со мене, само почувствував дека ми треба енергија, а немав време на снимањето да земам чоколадо. Откако се онесвестив, не се разбудив седум дена. Потоа ми кажаа дека постои опасност да го загубам видот или нозете. Бев преплашена и мислев дека ќе умрам. Оттогаш водам сметка за себе, неколку пати дневно го проверувам нивото на шеќер во крв и примам инсулин. Научив на болеста да гледам како на благослов - вели актерката.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Halle Berry (@halleberry) onAug 5, 2020 at 11:39am PDT

Кариерата во тоа време ќе се движи во фантастична линија, но не и приватниот живот. Секој избор на маж ќе биде полош од претходниот. Во медиумите откри дека едно од поранешните момчиња, чие име никогаш не го откри во јавност, толку многу ја тепал што едвај останала жива, а како последица послабо слуша на едното уво. Во низата неуспешни врски е и онаа со Весли Снајпс со кого игра во „Jungle Fever“.

Во брак првпат се впушта во 1992 година со бејзбол играчот Дејвид Џастис, но после четири години се разведуваат. Како причина ќе ја наведе раздвоеноста поради бројните обврски, а во медиумите се појавуваат гласони дека тој физички ја малтретирал, што таа стравувала за својот живот. Подоцна, таа ќе признае дека тешко го поднела тој емотивен пораз, па дури и дека сакала да си го одземе животот.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Halle Berry (@halleberry) onJul 26, 2020 at 10:53am PDT

-После разводот од Дејвид, патев од ужасна депресија и мојата самодоверба беше на најниско ниво. Тагата толку влијаеше на мојот разум, што се обидов да се самоубијам. Седев во автомобил паркиран во гаражата, додека смртоносен гас влегуваше внатре, а пред очи ми се појави сликата на мајка ми како ме наоѓа мртва. Помислив на тоа колку било страшно за неа се' низ што поминала и колку се жртвувала за мене и сестра ми и дека е крајно себично тоа што го правам. Тоа ме освести и излегов од автомобилот. Морав да се репрограмирам и да го пронајдам доброто во себе. Сфатив дека тоа што некој не ме сака, не значи дека не сум вредна за љубов. Тогаш си ветив себеси дека никогаш веќе нема да бидам таква кукавица - сподели јавно Бери.

Во 2001 година ќе го освои „Оскарот“ за улогата во филмот „Monster's Ball“, а со тоа ќе стане првата Афроамериканка во историјата која ја добила оваа престижна награда.

Потоа ќе следат други успешни улоги, но и втор пропаднат брак. Потоа ќе го запознае моделот Габриел Обри, а во јавноста за првпат ќе сподели дека е среќна и дека сака да се оствари како мајка, дека е подготвена и да посвои дете, но не и да стапи во брак по трет пат.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Halle Berry (@halleberry) onJun 21, 2020 at 12:50pm PDT

-Не сакам повторно да влегувам во брак. Може да се рече дека имам лош вкус за мажи. Веќе не чувствувам потреба да бидам нечија жена, ниту пак да бидам признаена затоа што сум во брак - изјави тогаш Хали, која во тоа време е и една од најплатените актери, заработувајќи по 14 милиони долари од филм.

И покрај големата желба да добие бебе, ќе се соочи со многу потешкотии, а кај Опра ќе си ја олесни душата, споделувајќи дека имала 334 негативни теста за бременост, пред да ја израдува среќната вест и на 16 март 2008 година ја раѓа ќерката Нала.

Шест месеци подоцна, американскиот магазин „Esquire“ ќе ја прогласи за најсексапилна жена на светот. Во тоа време Хали Бери има 42 години, а ќе изјави дека конечно ја сфатила целта на своето постоење.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Halle Berry (@halleberry) onApr 30, 2020 at 12:45pm PDT

-Сметам дека таквите титули се малку бесмислени, бидејќи никој не може да биде најсексапилен. Најсмешно од сè ми беше тоа што ме избраа после породувањето. Веројатно со тоа сакаа да покажат дека и мајчинството може да биде секси, а всушнот тоа е важно. И самата се чувствувам посекси бидејќи сега сум сигурна околу целта на моето постоење на земјата. Да се биде секси не значи да се носи заводлива облека или да се мрда со задникот. Сексапилот е состојба на умот, тоа е она кога се сакате себеси какви и да сте и кога ви е удобно во сопствената кожа - изјави актерката тогаш.

Сепак, во почетокот на 2010 година, двојката ќе се раздели. Во тоа време таа ќе се зближи со францускиот актер Оливие Мартинез, но среќата со него ќе ја помати бробата за старателство што ќе ја води со Габриел за нивната ќерка Нала. Три години поранешните парнтери беа главна тема во медиумите. Во тоа време Хали ќе сака да се пресели во Франција кај новото момче, а причината пред сè ќе биде пуштањето на слобода на Ричард Франко, кој со години ја следел и Роберт Хоскинс кој се заканувал дека ќе ја убие.

Борбата за старателство ќе се заврши со многу драма, а конечната одлука ќе биде сепак - заедничко старателство.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Halle Berry (@halleberry) onMay 13, 2018 at 10:22am PDT

-Одам на терапија од десет години. Кога ќе се најдам во стресна ситуација или ми е тешко да се носам со некој проблем, тоа ми помага. Се трудам да ги сокријам лошите работи. Ќе ја кренам главата горе, ќе наместам храбар изглед на лицето и продолжувам напред.

Во 2013 година ќе се вери за Оливије, а уште повеќе ќе ја израдува веста дека во 46-година од животот повторно е бремена.

-Мислев дека се наоѓам во животно доба кога веќе не е возможно да бидам повторно мајка, така што оваа бременост е големо, но и најпрекрасно изненадување за мене - изјави актерката тогаш.

Иако претходно изјави дека никогаш повеќе нема да се мажи, тоа сепак ќе го направи со Мартинез. Ќе имаат интимна церемонија со 60 луѓе. Бракот ќе потрае до 2016 година.

-Ќе продолжина понатаму со љубов и почит, фокусирани на она што е најдобро за нашиот син Мејс. Еден на друг си посакуваме само среќа - ќе истакнат и двајцата.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Halle Berry (@halleberry) onApr 29, 2018 at 10:57am PDT

После овој љубовен бродолом, следи романса со фотографот Клиф Вотс, но овој пат далеку од очите на јавноста. Ретко се појавува на настани, бира дали и во кој филм ќе се појави и комплетно е посветена на мирен и здрав живот.

Вежба пет пати во неделата, а практикува и јога и медитација, кои како вели ѝ помогнале да воспостави комплетен баланс на телото и умот.

Иако веќе силно чекори во шестата деценија, никогаш не била посреќна и не изгледала подобро. Речиси сите фотографии се без шминка.

-Сфатив дека, како годините се зголемуваат, така шминката треба да се намали. Така изгледаме помлади - смета актрката.

И токму таа посветеност на телото и умот се инспирација за бројни жени. Хали Бери е доказ дека со работа на себе може да го смените животот. Потребно е да знаете само што сакате да постигнете. И на 54 години гордо го покажува своето тело, ослободена од сите предрасуди, недостатоци и грешки од минатото, што е и една од најдобрите пораки.

А овие фотографии се само добар потсетник.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Halle Berry (@halleberry) onApr 18, 2016 at 11:10am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Halle Berry (@halleberry) onOct 12, 2016 at 6:08pm PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Halle Berry (@halleberry) onMay 1, 2017 at 10:09pm PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Halle Berry (@halleberry) onJun 21, 2017 at 10:11am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Halle Berry (@halleberry) onJun 28, 2017 at 9:13am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Halle Berry (@halleberry) onJul 15, 2017 at 10:11am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Halle Berry (@halleberry) onAug 2, 2017 at 5:35pm PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Halle Berry (@halleberry) onAug 27, 2017 at 9:56am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Halle Berry (@halleberry) onJan 7, 2018 at 10:58pm PST

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Halle Berry (@halleberry) onJan 19, 2018 at 1:49pm PST

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Halle Berry (@halleberry) onFeb 12, 2018 at 2:43pm PST

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Halle Berry (@halleberry) onMar 2, 2018 at 1:45pm PST

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Halle Berry (@halleberry) onMar 9, 2018 at 1:49pm PST

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Halle Berry (@halleberry) onMar 23, 2018 at 11:06am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Halle Berry (@halleberry) onApr 6, 2018 at 11:42am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Halle Berry (@halleberry) onMay 18, 2018 at 9:15am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Halle Berry (@halleberry) onMay 25, 2018 at 11:13am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Halle Berry (@halleberry) onJun 1, 2018 at 11:22am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Halle Berry (@halleberry) onJul 27, 2018 at 12:44pm PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Halle Berry (@halleberry) onAug 10, 2018 at 9:41am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Halle Berry (@halleberry) onAug 10, 2018 at 9:41am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Halle Berry (@halleberry) onDec 29, 2018 at 5:55pm PST

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Halle Berry (@halleberry) onFeb 12, 2019 at 9:25am PST

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Halle Berry (@halleberry) onMar 8, 2019 at 12:34pm PST

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Halle Berry (@halleberry) onMay 8, 2019 at 9:15am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Halle Berry (@halleberry) onMay 10, 2019 at 6:06am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Halle Berry (@halleberry) onAug 28, 2019 at 12:43pm PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Halle Berry (@halleberry) onNov 8, 2019 at 10:11am PST

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Halle Berry (@halleberry) onJun 20, 2020 at 3:23pm PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Halle Berry (@halleberry) onJul 4, 2020 at 12:19pm PDT

 

Објавено:
14 август 2020
Категорија: 
Модна икона
Прочитано:
1.787 пати
Тагови: 
Хали Бери