Кејт Бланшет: Златната девојка на Холивуд

15 јануари 2014

Оскаровката Кеј Бланшет остава впечаток дека ги надминува сите стандарди на Холивуд: таа е фасцинантна во нејзината професија, генијално се преродува во улогите кои ги толкува, често, но успешно презема модни ризици, а публиката е маѓепсана од нејзината појава – не толку поради нејзината чиста, кристална убавина, колку поради тоа што таа е вистинска!

На актуелните Златни Глобуси триумфираше со освојување на признанието за најдобра актерка за нејзината улога во „Blue Jasmine “, а во очекување на Академските филмски награди, сѐ  уште ќе се зборува за нејзиниот беспрекорен изглед во елегантната црна тоалета од тантела на Армани поради што беше прогласена за најдобро облечена на доделувањето на престижните награди.

44-годишната австралијанка го привлече вниманието на јавноста со својата актерска игра во филмот „ Elizabeth“ (1998) за која беше наградена со Златнен Глобус  и  БАФТА, а ја доби својата прва номинација за Оскар. Од тогаш ја гледаме во филмските класици како трилогијата „lord of the rings”, "The Aviator", „The Curious Case of Benjamin Button“...

Во нејзиниот стилски профил доминираат андрогените прачиња, особено панталоните со чисти и остри линии, но и покрај тоа Бланшет совршено го одржува балансот со нејзината елегантна, женствена страна. Па така на црвениот килим може да ја видиме во софистицирани гламурозни тоалети на Џон Галијано, Том Форд, Армани, Баленсијага...

Благодарение на нејзината природна убавина и кристален тен често е ангажирана како заштитно лице на модните кампањи на глобално влијателните модни и козметички брендови, како ексклузивната линија на козметика SK-II или парфемот Si потпишан од Џорџо Армани.

 

 

 

 

Објавено:
15 јануари 2014
Категорија: 
Модна икона