Позната по своите титански актерски успеси и беспрекорно елегантни модни блесоци на црвените килими, британската актерка Кејт Винслет денес го слави својот 47 роденден.
Филмската публика најмногу ја знае по улогата на Роуз во класикот „Titanic" од 1997 година каде глумеше заедно со Леонардо ди Каприо. Винслет освои Оскар за најдобра женска улога за нејзината изведба во филмот „The Reader" од 2008 година, а исто така доби номинација за Оскар за нејзините улоги во „Sense and Sensibility", „Titanic", „Iris", „Eternal Sunshine of the Spotless Mind" каде глумеше заедно со Џим Кери и „Little Children.
Од моден аспект пак, Кејт важи за една од најелегантните холивудски ѕвезди, која за доделување награди и премиери речиси секогаш се појавува во безвременски и класични парчиња.
Нејзината наклонетост кон класичен мал црн фустан датира од нејзините најрани години, по нејзината извонредна улога во „Heavenly Creatures" од 1994 година, а покрај тоа Винслет честопати се свртува и кон строго одбрани модни дизајнери како Џени Пакам, Сен Лоран, Викторија Бекам и Валентино.
Винслет, исто така, му помогна на американскиот моден бренд Бен де Лиси да се вивне до висините на славата, честопати носејќи ги неговите креации на црвениот килим.
Во нејзина чест, како прослава на нејзинито роденден, денес одвојуваме 47 најдобри изгледи на Кејт Винслет низ годините.
Фото: Thenationalnews.com и Pinterest