Кира Најтли - подготвена да одговори на секој моден предизвик

26 март 2020

Британската актерка Кира Најтли е родена во Лондон, на 26 март 1985 година. На шестгодишна возраст ѝ њ октирена и дијагностицирана дислексија. Но, токму тој проблем ќе ѝ помогне да го оствари сонот да стане актерка. Имено, родителите ќе ѝ дадат услов дека доколку сака да биде актерка, ќе мора да ги совлада читањето и пишувањето.

Иако денес важи за една од најубавите, во едно интервју ќе рече дека не секогаш била сосема задоволна од својот изглед, но уште повеќе од себе. Уште како тинејџерка била многу сериозна, а вели, нејзиниот живот, онаков каков што посакувала почнал дури откако наполнила 25 години.

Покрај успешната актерка кариера и остварени одлични улоги во популарни филмски хитови како „Пиратите од Карибите“, „Свила“, „Гордост и предрасуди“, „Ана Каренина“, и многу други, а посебна популарност доживува со остварувањето, „Всушност, љубов“, таа за модните дизајнери претставува вистинска муза.

Таа беше една од музите на Карл Лагерфелд, а со тоа и заштитно лице на брендот „Шанел“, чии креации и често носи. Нејзиниот стил може да се опише и како елегантен и софистициран, но истовремено и толку опуштен и еклектичен.

Интересен податок е што, на својата свадба со музичарот Џејмс Рајтон во 2013 година, таа не носи венчаница. Нејзиниот венчален фустан е всушност постара креација од тул, во пастелно розова боја, која ја имала веќе во плакарот, исто така од „Шанел“.

Со тоа Најтли даде јасен став дека не сака непотребни оптоварувања со формата, како и дека суштина е таа што е важна.

Гребејќи под површината, таа во 2006 година, заедно со Скарлет Јохансон, ќе се слика гола, покрај облечениот дизајнер Том Форд, фотографија која ќе се најде на насловната страна на „Венити Фер“, како визуализација на темата за различниот третман на машката и женската сексуалност во шоу бизнисот.

Низ годините, нејзиниот стил доби и доза романтичност, но она што речиси никогаш не се менува е патецот на средина по кој е и препознатлива. И да, ретко кога носи панталони :).

Во продолжение погледнете некои од најубавите модни изданија на актерката:

Објавено:
26 март 2020
Категорија: 
Модна икона
Прочитано:
1.388 пати