Ако треба да дефинираме дама која што му пркоси на времето, тоа сигурно би била холивудската актерка и поранешен модел Енди Мекдауел.
Енди, која што гордо чекори кон 66 година од животот, е кралица на природното стареење, жена која се сака себе си онаква каква што е.
Актерката која што светот ја запозна како слатката девојка од романтичните комедии и драмите, е и заштитно лице на еден од најголемите брендови за козметика L'Oréal уште од 1986.
Едноставно не можеме да оддолееме на нејзината неверојатна насмевка и кадравата и бујна коса која е нејзиниот заштитен знак сиве овие години.
Актерката пред неколку години реши да не ја бојадисува косата, и воопшто не е загрижена за белите влакна што најголем дел од холивудските ѕвезди очајно се обидуваат да ги скријат.
Таа остана доследна на природниот изглед.
Енди има работено за Calvin Klein, позирано за Vogue, а се има појавено и во кампањи за Yves Saint Laurent, Vassarette, Armani...
На свои 60 години таа повторно гордо зачекори и на модната писта на ревија на Лореал во Париз, прекрасна како и пред неколку децении.
Се обидувам да останам смирена. Работам на своите мисли и чувства, а со тоа и на изгледот, бидејќи сè е поврзано. Интересно е како нашите чувства влијаат на нашето лице.
Енди е мајка на син, Џастин и две ќерки Рејни, актерка и пејачка и Маргарет исто така актерка.
Мекдауел со сета своја природна раскошност.
Фото: Pinterest