Кросби, ти благодариме за градникот

4 март 2016

Карес Кросби е жената на која треба да ѝ заблагодариме за изумот наречен градник.

-Таа вечер бев толку свежа и подвижна, па пријателките во соблекувалната не можеа да не ме прашаат за што се работи. Им дозволив да ѕирнат и оттогаш сите го носевме – пишува Кросби за првото искуство на носење градник во мемоарите.

Всушност, нејзиното вистинско име е Поли Фелпс, родена е во 1891 година во Њујорк, а нејзиното семејство влече корени од Бостон.

Уште како тинејџерка  е многу активна, љубителка на модата и животот. Со 20 години веќе е дел од многу балови. Се случувало да оди и на три бала за една вечер.

-Најчесто спиев од четири наутро до пладне. Една вечер не бев задоволна со својот фустан, мидерот не ми стоеше добро – раскажува таа во мемоарите.

Затоа Карес бара од слугинката да ѝ даде свилени марамчиња и розови ленти. На тој начин успева да го направи она што ние денес го нарекуваме градник.

Многу бргу луѓето почнауваат да ѝ нудат пари да им направи сличен градник. Во 1914 година поднесува барање за патент, наведувајќи го изумот како „мошне ефикасен и погоден дури и за жените што се занимаваат со спорт, на пример тенис“.

Но, не ја интересираат пари и можноста да почне да го произведува изумот. Веќе следната година патентот го продава на компанијата „Warner Brothers Corset“ за 1.500 долари ( денешни 25.000 долари). Тој патент на компанијата во наредните 30 години на компанијата ѝ донесе повеќе од 15 милиони долари.

И покрај пропуштената или продадена можност да стане милионерка, Карес се чувствувала среќна. Нејзиниот одговор секогаш бил дека градникот никогаш нема да биде толку важен колку што е парната машина, но дека ќе се знае дека таа го измислила.

Непосредно после случувањата со изумот, го запознава Хари Кросби. Набргу се разведува од него и во 1922 година повторно се мажи, го менува името во Карес и се сели за Франција. Хари ѝ го предложува името Клиторис, но сепак одлучуваат дека е посоодветно да му го дадат на кучето.

брачната двојка Кросби

Хари праќа телеграм во Бостон до нејзиното семејство со следното барање: „Ве молам, продадете дел од акциите за 10.000 долари, ние одлучивме да водиме луд и екстравагантен живот“.

Иако го измисли, Карес не го носи градникот секогаш. На една забава се појавува во топлес издание, јавајќи слонче, а сопругот со ѓердан на кој се нанижени мртви гулаби. Несомнено дека Кросби била далеку пред времето, и по размислувањата и по модата.

Со Хенри го водат „Black Sun Press“, каде се објавуваат текстови на Џејмс Џојс. Ангажираат познати уметници да работат на илустрации, а магазинот е толку ексклузивен што се произведува во многу мал број примероци.

-Ако сте заинтересирани за тоа што е најдоброто од Париз во тоа време, тој магазин е книжевен еквивалент на бракот и сликите на Пикасо – вели антикварот Нил Пирсон.

Најтажниот дел од животот на Карес е оној кога нејзиниот сопруг, после седум години брак извршува самоубиство со 20-годишната љубовница. После трагедијата таа почнува да го уредува „Crosbi Continental“, каде се објавуваат Дороти Паркер и Ернест Хемингвеј. Подоцна го почнува и списанието „Портфолио“ и отвора галерија во Вашингтон.

На 47-годишна возраст повторно се мажи и тоа со 20 години помлад фудбалер. Купува плантажа во Вирџинија каде пишува порнографија заедно со Хенри Милер и Анаис Нин. После година дена брак, фудбалерот исчезнува, а таа заминува во Рим со цел да започне уметничка колонија.

До самиот крај, животот го поминува на релација Рим-Вирџинија-Њујорк. Умира во 78-та година од животот.

Иако можеби не е модна икона во контекст на денешницата, не може да се рече дека не била на своето време. Со самото тоа што била пред сите, оставила белег во историјата, сигурна дека нема да се заборави. Со ставот дека ќе прави што и како сака, без било какви притисоци и потчинувања, Карес Кросби останува запаметена, што веројатно и била нејзината цел.

Богатството свесно го испушта, иако и самата не била сиромашна, а на екстравагантноста и неверојатната животна приказна е нешто на што и денес можат да ѝ позавидат.

Објавено:
4 март 2016
Категорија: 
Модна икона
Прочитано:
1.682 пати