Лупита Нјонго - инспирација за сите млади и модерни девојки

1 март 2019

Актерката Лупита Нјонго речиси секогаш можеме да ја видиме на листата на најдобро облечени жени од шоу-бизнисот. Тоа го потврди и Вог, кога ја вброи во 50-те најдобро облечени за минатата година. 

Во 2014 година пак, не само што го освои Оскарот за Најдобра актерка, туку и магазинот „Пипл“ ја прогласи за најубава жена на светот. 

-Ова е навистина голем комплимент. Среќна сум помислувајќи на моментот како сите ме гледаат на насловната страна. Мајка ми секогаш ми кажуваше дека сум убава. На крај, еве некако и поверував“, изјави тогаш актерката, додавајќи дека сепак среќата е нешто најважно за неа.

Кога е стилот во прашање, препознатлива е по смелите бои и принтови. Тоа што е од Кенија само дополнително ја потенцира егзотиката во нејзиниот изглед. 

Долгите фустани се нејзин најчест избор на црвениот килим, додека во секојдневните комбинации кратките фустани, широките палта и здолништата се нејзиниот прв избор.

Шминката е секогаш дискретна, но се истакнува карминот кој е во интензивна нијанса. 

Со овој весел и младешки стил, оваа актерка е вистинска инспирација за сите млади дами. Исто така е доказ дека софистицираноста е секогаш „ин“, па не е потребно комплетно соголување за да бидете забележани.

Во продолжение погледнете некои од нејзините модни изданија и инспирирајте се:

Објавено:
1 март 2019
Категорија: 
Модна икона
Прочитано:
1.092 пати