Марлен Дитрих - Женска модна икона во машки одела

15 октомври 2020

Таа е дефиниција за холивудски гламур. Една од пионерките на андрогениот стил. Марлен Дитрих беше синоним за класична женска убавина во периодот на своите кулминативни мигови во Холивуд, а денеска важи за модна икона која остави свој печат како извноредна актерка на филмското платно и како автентична муза во модниот свет.

Оваа германско-американска актерка публиката ја запозна како убавица во сјајни фустани, со руса коса и изразени црни веѓи. Беше поим за женска убавина и раскош. 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Marlene Dietrich (@marlenedietrichgallery) onSep 27, 2020 at 1:27pm PDT

Во периодот на 30-те и 40-те години е една од најскапо платените актерки во Холивуд, а нејзиниот шарм и магична привлечност долги години биле инспирација за режисерот Јозеф фон Штернберг чија и муза била.

За време на нејзината долготрајна кариера, Дитрих постојано се трансформираше, и професионално и во однос на својот изглед: започнува како пејачка во кабаре, хористка и филмска актерка во Берлин во текот 1920тите години за во наредната деценја да биде вистинска холивудска ѕвезда; потоа станува забавувачка за време на Втората светска војна и меѓународен сценски изведувач, за на крајот, конечно, да се претвори во култна икона на 20-тиот век.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Marlene Dietrich (@marlenedietrichgallery) onSep 13, 2020 at 12:34pm PDT

Американскиот Филмски Институт ја прогласува Дитрих за деветта најголема женска филмска ѕвезда на сите времиња.

За панталоните како дел од женскиот гардеробер секако ѝ благодариме на Коко Шанел, но би било неправедно да не се спомене влијанието на Марлен Дитрих. Таа покажа дека жена може да изгледа убаво, секси и заводливо и во „машка облека". Уште повеќе покажа дека границата помеѓу машката и женската мода не мора да е строга.

Таа и нејзиниот стил кој подразбира смокинзи, фракови, високи шапки, машки одела се предвесник и за естетиката која подоцна ќе биде инспирација и за Ив Сен Лорен. 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Marlene Dietrich (@marlenedietrichgallery) onJul 21, 2020 at 11:19am PDT

Уште повеќе, во машката облека ја потенцираше својата женственост и сексапил со црвените кармини, кои исто така беа нејзината препознатлива естетика.

Она што тогаш може да се толкува како револуција во модата, денес е тренд кој го гледаме насекаде. Жените не само што веќе не се срамат да носат облека со машки крој, туку мошне умешно ги имплементираат во својот стил и добива многу интерпретации.

Во продолжение ќе ве потсетиме токму на некои од нејзините впечатливи модни изданија, кои и во денешно време би биле совршена модна комбинација:

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Marlene Dietrich (@marlenedietrichgallery) onOct 12, 2020 at 10:51am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Marlene Dietrich (@marlenedietrichgallery) onOct 7, 2020 at 11:45am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Marlene Dietrich (@marlenedietrichgallery) onSep 26, 2020 at 12:56pm PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Marlene Dietrich (@marlenedietrichgram) onJun 26, 2020 at 5:15am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Marlene Dietrich (@marlenedietrichgram) onJun 26, 2020 at 4:29am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Marlene Dietrich (@marlenedietrichgallery) onFeb 28, 2020 at 7:31am PST

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Marlene Dietrich (@marlenedietrichgallery) onJan 4, 2020 at 5:54pm PST

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Marlene Dietrich (@marlenedietrichgram) onApr 4, 2020 at 7:50am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Marlene Dietrich (@marlenedietrichgram) onJan 21, 2020 at 5:18pm PST

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Marlene Dietrich (@marlenedietrichgram) onJan 6, 2020 at 5:33pm PST

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Marlene Dietrich (@marlenedietrichgram) onDec 31, 2019 at 3:00am PST

Објавено:
15 октомври 2020
Категорија: 
Модна икона
Прочитано:
200 пати