Мерил Стрип е синоним за квалитетна актерка и жена со став. Добитничка е на три Оскара и на било која друга филмска награда што може да ви падне на ум, има најмногу номинации за Оскар и Златен Глобус, а покрај сето тоа е мајка на четири деца.

Кариерата ја започнува во 1971 година, а првата награда ја освојува пет години подоцна. На големиот екран сме ја виделе во бројни улоги што барале големи трансформации - од модна уредничка, Челична лејди, до лоша вештерка.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Meryl Streep (@merylstreep) onNov 2, 2018 at 2:26pm PDT

 

Поддршка од мајка си

Кога зборува за својот успех никогаш не заборава да ѝ се заблагодари на мајка си, која уште од најмала возраст ја охрабрувала: „Можеш да направиш сè што ќе замислиш. Ако бидеш мрзелива, нема да успееш. Но, ако се потрудиш, тогаш можеш да направиш сè“.

После нејзиниот прв настап на колеџ, еден од професорите коментира како Мерил никој не ја научил да глуми. Сè научила сама. Школувањето на „Јеил“ го плаќала работејќи во кафуле и со дактилографски услуги. Нејзина инспирација бил Роберт де Ниро, кој многу придонел за тоа Мерил да не стане правник, туку актерка.

Откако ја видела неговата улога во филмот „Taxi Driver", одлучила дека кога ќе стане возрасна, сака да биде токму таква актерка.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Meryl Streep (@merylstreep) onSep 7, 2018 at 2:12pm PDT

 

Тажната љубовна приказна

Уште во 30-тите се соочува со смртта на партнерот, што остава голема трага врз неа.

-Без оглед на тоа што го правиш, болката е секогаш во некое скриено место на твојот ум и го погодува сето она што се случува покасно. Мислам дека не е можно да се прилагодиш на болката и да продолжиш понатаму, без од тоа да направиш опсесија - изјави тогаш Мерил.

Најголемата љубов на Мерил Стрип, пред да стане голема актерка, бил тогаш еден од најнадежните актери Џон Казал кој умира од рак. Мерил се запознава со Казал кога има 27 години, а тој од неа бил постар 14 години и веќе етаблиран како актер. Велат дека било љубов на прв поглед.

Кога докторот ќе ѝ соопшти на Мерил дека Казал починал, имала толку многу енергија во себе што силно го удрила со тупаница во гради. Казал на момент се освестил и само рекол: „Во ред е Мерил“.
Таа никогаш не раскажува за овој дел од нејзиниот живот, иако сите тие премрежја ќе влијаат на нејзината кариера и ќе се развие во личност каква што е денес.

Сите овие детали се откриени во нејзината биографија „Повторно таа*" чиј автор е Мајкл Шуман.

„Тој не беше таков кога го запознав на самиот почеток, беше специфичен, хуман, љубопитен,чувствителен".

Иако Казал кога ја почнале својата врска имал снимено неколку филма, тие двајца едвај составувале крај со крај. Живееле во изнајмен мал апартман на Менхетен, излегувале во ресторани каде сопствениците ги честеле.

Во моментот кога ќе почнат малку повеќе да заработуваат, се селат во поголем стан. Докторите му соопштуваат на Казал дека ракот на белите дробови веќе метастазира низ цело тело и е во терминална фаза. Во тој период заедно го снимаат „Ловци на елени", а Мерил улогата ја прифаќа само за да бде покрај него цело време.

Тие двајца цело време криеле каква е реалната здравствена состојба на Џон. На зрачења го носел Ал Пачино кој во ниту еден момент не се посомневал дека ќе се случи најстрашното.

Дури продуцентите сакале да го отпуштат од сетот на „Лoвци на елени", но колегите се бореле неговата улога да остане.

Мерил Стрип подоцна ќе открие дека сите трошоци за неговото лечење ќе ги покрие Роберт Де Ниро. Во овој период таа добива улога во серијата „Холокауст". Казал бил премногу слаб и истоштен за да појде со неа, но таа ќе го прекине снимањето и последните пет месеци од неговиот живот ќе ги посвети само на Џон.

 

Моќта на семејството и мајчинството

Недолго по смртта на партнерот, се мажи за Дон Гамер со кој имаат четири деца.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@merylstreep._) onFeb 2, 2020 at 9:39am PST

За мајчинството и семејството вели:

-Луѓето велат дека кога децата ќе дојдат во вашиот живот, сè се менува. Но, можеби само се будат работи што веќе постоеле во нас.

-Моето семејство ми е секогаш на прво место. Секогаш било така и секогаш ќе биде.

-Ние сме истите и кога ќе остариме. А кога ќе бидеме во длабока старост, тогаш всушност сме личностите што сме биле кога сме имале само осум години.

-Никогаш не сум се чувствувала пријатно во светот на Холивуд. Не сакам забави и гламур. Тоа не е во моите гени, тоа не сум јас. Уживам со семејството, кучињата и во планинарење.

-Ќерките се моето најголемо остварување. Тие ми помогнаа да престанам да се грижам за изгледот, кој со годините драстично се менува. О Боже, колку години потрошив мислејќи дека не сум доволно убава и прашувајќи  зошто немам тело како Џесика Ланг или нозе како некоја друга убавица. Тоа беше ужасен губиток на време- ќе изјави во една пригода.

 

Од „прегрда за да биде актерка“ до филмска Дама и кралица

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Meryl Streep (@merylstreep) onNov 16, 2013 at 10:40am PST

„Фотографијата е направена кога се враќав дома од аудиција за филмот „Кинг Конг" каде ми кажаа дека сум премногу „грда" за улогата. Тоа беше важен момент за мене. Таквите „тешки" зборови можеа да застанат на мојот пат во прогресот на актерската кариера или едноставно да ми помогнат да ја зацврстам вербата во себе. Земав длабок здив и си кажав: Се извинувам што мислите дека сум премногу „грда" за вашиот филм, но вие сте само една од илјадниците опции. Денес јас имам 18 академски награди", се обрати до јавноста Мерил Стрип на нејзиниот фејсбук профил пред неколку години, упатувајќи суштинска порака.

Освен по фантастичните актерски способности, директноста, Стрип е позната и по добриот хумор.

На прашањето за кого би се омажила, со кого би имала авантура, а кого би го убила, ќе одговори:

“Да размислам... Знам! Би се омажила за Роберт Редфорд, би го убила Дастин Хофман, а би имала секс со Џек Николсон“.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@merylstreep._) onFeb 13, 2020 at 1:11pm PST

 

Со модата се на „вие“

Таа е од оние што никогаш претерано не се заморувала за тоа што ќе носи.

„Толку малку се грижам за модата, да не може помалку. Дури и ако некогаш сум земала облека од снимање или сет со себе, никогаш не сум ја облекла, таа би останала во мојот гардеробер до крајот на постоењето. Сето внимание на совршено светло, совршено ова, она, ужасно ме нервира“, вели Стрип.

Сепак, на секое јавно појавување знае добро да го „слуша“ своето тело, па секогаш има креации што совршено го истакнуваат она што треба. Сепак, нејзиниот најголем адут и во модна, а и во животна смисла, е ставот.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Meryl Streep (@merylstreep) onSep 2, 2019 at 11:10am PDT

„Сè што зборуваме има влијание, сè што „праќаме" во светот се важи. Има влијание на нашите деца, има влијание на текот на времето“.

„Добро е да се поттикнуваме себеси да го работиме и она што можеби не го сакаме, она во што не сме добри. Треба да се обидеме. Многу е важно секогаш да се обидеме“.

„Мислам дека секој сам го пронаоѓа својот пат. Имаш свои правила. Имаш свое разбирање за самиот себе и тоа е она на што ќе се потпреш. На крајот, добро е тоа што ти го чувствуваш дека е добро. Не она што мајка ти ти кажала дека е добро. Не она што некоја актерка ти го кажала. Не она што некој друг ти го зборува, туку твојот внатрешен, мал глас“.

„Љубопитна сум околу другите луѓе. Тоа е суштината на мојата глума. Ме интересира како би изгледало да се биде ти“.

„Не можете да бидете разгалени, ако самите си ги пеглате работите“.

„Ако имате мозок, тогаш сте обврзани да го користите“.

 А во продолжение погледнете некои од нејзините најдобри модни појавувања и интересни фотографии:

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Meryl Streep (@merylstreep) onNov 11, 2019 at 10:46am PST

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Meryl Streep (@merylstreep) onOct 9, 2018 at 12:00pm PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Meryl Streep (@merylstreep) onSep 28, 2018 at 12:10pm PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Meryl Streep (@merylstreep) onAug 2, 2018 at 3:21pm PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Meryl Streep (@merylstreep) onJul 8, 2018 at 10:23am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Meryl Streep (@merylstreep) onApr 15, 2018 at 11:08am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Meryl Streep (@merylstreep) onMar 21, 2018 at 10:43am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Meryl Streep (@merylstreep) onMar 13, 2018 at 1:51pm PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Meryl Streep (@merylstreep) onMar 7, 2018 at 12:59pm PST

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Meryl Streep (@merylstreep) onJan 29, 2018 at 1:29pm PST

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Meryl Streep (@merylstreep) onJan 27, 2018 at 4:22pm PST

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Meryl Streep (@merylstreep) onNov 28, 2017 at 9:30am PST

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Meryl Streep (@merylstreep) onMay 16, 2017 at 9:39am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Meryl Streep (@merylstreep) onApr 30, 2017 at 12:44pm PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Meryl Streep (@merylstreep) onApr 6, 2017 at 4:40pm PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Meryl Streep (@merylstreep) onAug 31, 2015 at 7:56pm PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Meryl Streep (@merylstreep) onJan 31, 2014 at 7:13pm PST

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Meryl Streep (@merylstreep) onNov 19, 2013 at 4:14am PST

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@merylstreep._) onJun 18, 2020 at 10:07am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared b (@merylstreep._) onApr 22, 2020 at 9:53am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@merylstreep._) onMar 25, 2020 at 11:48am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@merylstreep._) onMar 9, 2020 at 11:06am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@merylstreep._) onFeb 21, 2020 at 10:30am PST

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@merylstreep._) onJan 19, 2020 at 5:08pm PST

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Meryl Streep (@thequeenmerylstr) onMar 8, 2020 at 7:44am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Meryl Streep (@thequeenmerylstr) onJan 28, 2020 at 7:42am PST

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Meryl Streep (@thequeenmerylstr) onJan 28, 2020 at 7:42am PST

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Meryl Streep (@thequeenmerylstr) onNov 4, 2019 at 9:38am PST

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Meryl Streep (@thequeenmerylstr) onSep 30, 2019 at 6:07pm PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Meryl Streep (@thequeenmerylstr) onAug 14, 2019 at 7:06am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Meryl Streep Source (@softstreep) onJun 17, 2020 at 6:14am PDT

 

 

Објавено:
22 јуни 2020
Категорија: 
Модна икона
Прочитано:
960 пати
Тагови: 
Мерил Стрип