Модна икона: Лора Дерн - Актерката со дамски стил која им пркоси на годините

10 февруари 2021

Нејзината убавина е неконвенционална. Повисока е од останатите актерки, има грациозно држење и неверојатни сини очи. Потекнува од традиционално холивудско семејство, растена е на филмските сетови, а зад себе има неколку номинации за Оскар и една статуетка за споредна улога. Нејзиното име е Лора Дерн, со класичен и многу соодветен стил на облекување.

Пред неколку години ја гледавме во телевизиското остварување Big Little Lies, а зад себе има неколку успешни филмови како Little Women, Marriage Story, Wild, Jurassic Park.

Што се однесува до стилот, актерката е обожавател на елегантните, но храбри парчиња кои прават да изгледа моќно, софистицирано и секси истовремено. Љубител е на црната боја, но честопати знае да го освежк изгледот со некоја смела комбинација во портокалова, жешка црвена или фуксија нијанса. 

Брановидната руса коса е нејзин заштитен знак, а покрај комбинациите од секојдневието, одлично се снаоѓа и на црвениот тепих. Меѓу дизајнерите со кои најчесто соработува е и куќата на  Валентино. 

Лора Дерн е поборник за здравата кожа и често зборува дека е против користењето филери и пластични операции. 

Објавено:
10 февруари 2021
Категорија: 
Модна икона
Прочитано:
686 пати