Модна икона на црвените килими

15 октомври 2013

Познатата њујорчанка дефинитивно знае да ги разграничи дневните и вечерни комбинации, па така преку денот преферира лежерен стил, односно фармерки и едноставни маици или џемпери, а навечер гламурот преовлаува во секој поглед.

Благодарение на улогата на Кери Бредшо, Сара успеа да си обезбеди место на првите редови на модните недели рамо до рамо со Ана Винтур и покани за ВИП забавите. Актерката е родена во Охајо, а како мала посетувала часови по балет и пеење, па по преселувањето во Њујорк полека но сигурно почнала да ја гради кариерата на глумица. На почетокот имала улоги во перформанси, но од 1990 година па натаму почнала да прифаќа и помали улоги во комедии, се додека улогата во „Сексот и градот“ не и донесе Еми награда. Од тогаш нејзината кариера се движи само во нагорна линија, а култниот лик кој го толкуваше и донесе голем број соработки кои допринесоа во градење на нејзиниот уникатен стил.

Во 2004 година Сара потпишува договор со Гап „тежок“ 38 милиони договори за да биде нивно заштитно лице, но соработката траеше се до наредната година кога беше заменета со пејачката Џош Стоун. Во 2005 година го промовира својот прв парфем „Lovely“, а во 2007 година станува партнер  во познатиот ланец на продавници „Steve and Barry’s“.

Популарноста со себе носи и можност за носење на разни дизајнерски парчиња и соработки со светски познати брендови. Токму поради тоа, актерката неколку години по ред не се симнуваше од тронското место за најдобар стајлинг на црвените килими. На многубројните настани и забави Сара секогаш носи интересни и уникатни креации од Александар Меквин, Нина Ричи, Кристијан Диор, Ели Сааб, Оскар де ла Рента и секако еден од напознатите дизајнери на чевли, Маноло Бланик.

Објавено:
15 октомври 2013
Категорија: 
Модна икона