Модна икона за која допрва ќе се зборува: Воодушевени сме од стилот на Луси Бојнтон

12 февруари 2019

Луси Бојнтон нè освои прво со нејзината улога во „Боемска рапсодија" каде ја портретираше Мери Остин, музата на Фреди Меркјури, а со секое нејзино јавно појавување сме фасцинирани од тоа како таа ја носи својата посебност.

Оваа 25-годишна американска актерка со британско потекло, сериозно го привлече вниманието на модната критика, особено откако е актуелна со нејзината последна улога што наголемо ѝ ги отвори вратите во Холивуд.

Иако е млада, ни се допаѓа што Луси гради имиџ надвор од комфорната зона, не плашејќи се од неконвенционалното, што ја прави неизбежно впечатлива на црвениот килим.

Често може да ја видиме во романтични макси фустани, со тантела, карнери и шарени принтови, со потпис на Диор, Валентино, Прада, Ердем...

Плавата боб фризура ѝ стана препознатлив печат, а и прилега одлично.

И во приватниот живот нејзиниот стил е забавен, интересен за анализа, слоевит и разигран.

Во пар со Рами Малек се и стилска целина, покрај тоа што имаа перфектна релација како Фреди и Мери на филмското платно.

 

Објавено:
12 февруари 2019
Категорија: 
Модна икона
Прочитано:
1.011 пати