Најдобрите модни моменти на Изабела Роселини

3 јули 2013

Изабела Роселини е една од тие луѓе кои се предодредени да бидат ѕвезда. Родена во Холивуд, во уметничко семејство, нејзината мајка е шведската актерка Ингрид Бергман, а нејзиниот татко е италијанскиот режисер Роберто Роселини. Растена во светот на филмот опкружена со гламурозни луѓе и холивудски ѕвезди.

 

 

 

Интересен е фактот дека Изабела својата кариера како модел ја започнува на 28 години, нетипична возраст за манекенка. Имено, козметичката компанија Ланком ја ангажира како заштитно лице на своите кампањи. Сега на големо изненадување на сите и нејзината ќерка Елетра тргна по нејзините стапки, станувајќи заштитно лице на кампањите на Ланком.

 

 

Кариерата како актерка првенствено, а паралелно со тоа и како модел ја рангира во А листата на познати луѓе на сите времиња. Правејќи една ретроспектива на некои од нејзините најдобри стилски моменти, убавата Изабела без разлика дали е облечена во едноставна маичка или црн елегантен фустан секогаш изгледа совршено, па дури и во нејзините шеесетти години од животот..

 

 

 

Објавено:
3 јули 2013
Категорија: 
Модна икона