Постојат личности кои со самата своја појава оставаат впечаток што тешко ќе ве остави рамнодушни. Токму таква била и Нина Симон.
Родена е на 22. февруари 1933 година во Северна Каролина, а нејзиното вистинско име е Јунис Кејтлин Вејмон. Музичкиот талент го покажува уште од рана возраст. На три години по сопствен слух почнала да свири клавир, притоа немајќи никој ниту да ѝ покаже ниту да ѝ помогне.
View this post on Instagram
Како девојче кое расте во семејство со цврсти религиозни начела, нејзините музички почетоци биле во црквениот хор, кој го водела нејзината мјака. Набрзо почнала да учи да свири и класична музика, во што овој пат ќе ѝ помогне и учителка која приватно ќе ја ангажираат. Тогаш ќе се развие и нејзината љубов кон музиката на големите класичари - Бах, Шопен, Бетовен и Шуберт.
Првиот настап на клавир ќе го има на десетгодишна возраст, во градската библиотека. За жал, нејзините родители кои ќе седнат во првиот ред, многу бргу ќе бидат преместени, за да можат да седнат некои други со бела боја на кожата. Овој инцидент ќе биде длабоко врежан во нејзината меморија и ќе ја следи целиот живот, па оттаму и нејзината постојана борба за слобода, често опеана и во нејзините песни.
View this post on Instagram
По завршетокот на средното училиште, нејзината заедница ќе собере средства за нејзина стипендија, за да може да го продолжи образованието во Њујорк. Поради неа и семејството ќе се пресели таму, но за жал ќе добијат писмо дека таа не е примена. Надежта дека ќе може да направи кариера во класичната музика засекогаш ќе биде уништена.
Но, тоа ќе биде и клучниот момент за понатамошниот развој на нејзината кариера. Ќе почне да пее во барови и ќе го смени името од Јунис во Нина, што на шпански значи „мала“, а Симон по актерката Симон Сињоре.
Првиот албум ќе го издаде во 1958 година со наслов „Little Girl Blue“, кој ќе достигне огромен успех. Ќе биде продаден во повеќе од милион примероци. Од тогаш, па до крајот на својот живот, ќе издаде преку 40 студиски албуми за различни дискографски куќи.
View this post on Instagram
Нејзиниот уникатен музички стил им бил фасцинантен дури и на критичарите, кои и немале доволно зборови за да го опишат, бидејќи во него имало и класична музика, и џез елементи, духовни и детски песни, нешто што и самата ќе го потенцира во автобиографијата од 1991 година.
Тој уникатен музички стил ќе се пресилка и на модниот. Нина отсекогаш била и модно впечатлива и мошне инспиративна. Интензивните бои и принтовите, еклектичноста, како и фиризурата која често беше дополнително украсена со марами или накти, биле одраз на нејзиниот карактер, на нејзината бестрашност.
View this post on Instagram
Посебно внимание обрнувала на модните додатоци, а токму таа нејзина уникатна појава ќе биде инспирација и за модни дизајнери и за други уметници. Доказ за тоа е што и денес може да се сретне накит инспириран од Нина Симон, нејзиниот лик да се најде на маички, начинот на кој се носат марами и слично.
„Мојата уметничка цел беше луѓето меѓусебно да се почувствуваат, на длабоко ниво. Тоа е тешко да се опише бидејќи тоа не е нешто што може да се анализира. Но, кога еднаш ќе ја привлечете публиката, едноставно знаете - тоа е како струја, лебди во воздухот“, ќе каже во автобиографијата.
Три дена по атентатот на Мартин Лутер Кинг, ќе му посвети цел настап и ќе ја отпее песната „Why“. Недовршеното дело на Лорејн Хансбери „To be young, gifted and Black“го претвори во борба за граѓански права. Песната стана и официјална национална химна на “црномурестата Америка“.
View this post on Instagram
За неа во музичкиот свет велеле дека е жена со тежок карактер и каприци, но таа воопшто не се согласувала со тој опис.
На еден концерт, често умеела да се движи помеѓу интензивна среќа и трагична меланхолија, што е карактеристика и на нејзиниот приватен живот, кој бил отежнат и поради биполарното пореметување кое ѝ било дијагностицирано кон средината на 60-тите години, но се држело строго во тајност.
Во 1995 година, со воздушен пиштол го повредила синот на соседот бидејќи ја вознемирувал со смеењето. Пукала и на извршниот директор на издавачката куќа кого го обвинила за кражба.
View this post on Instagram
Нејзиниот сопруг Ендрју Строуд ќе биде и нејзин менаџер. Со опаѓањето на популарноста, во 1970-тите Нина ќе ги напушти САД и ќе замине на Барбадос, сама, очекувајќи сопругот да ѝ се јави за некој нов концерт или настап. Но, нејзиното заминување и фактот дека го оставила венчалниот прстен, тој ќе го сфати како желба за развод. Како менаџер ќе има контрола на нејзините приходи, па таа не ни знаела колку заработува.
После Барбадос, заминува за Швајцарија, а потоа се сели и во Холандија, за нејзината крајна дестинација да биде Франција. Разводот од сопругот ќе го назначи и крајот на нејзиниот најуспешен период во кариерата, како и почеток на отуѓувањето од остатокот од светот.
За нејзиниот живот ќе биде снимен и документарен филм, насловен како „What Happend, miss Simonе“, од 2015 година, номиниран и за „Оскар“.
View this post on Instagram
Нина Симон умира во сон на 21 април 2003 година во својот дом во Франција. Елтон Џон ќе испрати букет цвеќе на нејзиниот погреб со порака.
„Беше најголемата и јас те сакам“.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram