Од новинар до билборди и модни магазини: Како Ник Вустер стана машка модна икона

12 август 2021

Шансите веќе некаде да сте „налетале“ на фотографија од Ник Вустер се големи. Овој човек со седа коса и брада, со впечатливи тетоважи стана интернет ѕвезда, мошне почитувана во модниот свет. 

Неговите модни комбинации се смели и токму затоа и многу интересни и за публиката и за модните инсајдери. 

Инаку, Николсон Ник Вустер има 62 години и кариерата ја започнува како новинар и експерт во областа за односи со јавноста, а меѓу првите работни место му е и она во „Њујорк магазин“.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Nickelson Wooster (@nickwooster)

Кога бил дете, особено кон крајот на основно и почетокот на средното училиште забележувал деца кои имаат поубава облека од нив и постојано ѝ зборувал на мајка си: „И јас сакам така да изгледам“, „Го сакам тоа парче“ и слично, на што добил одговор: „Супер, тогаш работи, заработи пари и купи си што сакаш, бидејќи јас нема да го купувам за тебе“.

На 16 години се вработува во локален бутик. Животните патишта ќе го однесат во модната индустрија повторно. Во 1993 до 1995 година, ќе работи како директор во еден од сегментите на компанијата „Калвин Клајн. Наредната година ќе работи пак, како директор на дизајн за „Ралф Лорен“.

Но, сепак, ниту тие инфилтрирања во модната индустрија нема да го вивнат во ѕвездите колку една сосема спонтана ситуација.

Во 2010 година, тогаш 49 годишниот Ник, челно лице на компанијата „Neiman Marcus“, излегол од својот хотел за време на Модната недела во Милано и влегол во кадарот на фотографот Томи Тон. Во тој момент кога фотографот го притиснал копчето се менува и животот на Ник Вустер се променил.

Неговата појава била препознаена од уредниците на модните магазини, па листата во кои се нашол е голема, a неговиот лик бил препознаен и на голем број билборди.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Nickelson Wooster (@nickwooster)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Nickelson Wooster (@nickwooster)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Nickelson Wooster (@nickwooster)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Nickelson Wooster (@nickwooster)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Nickelson Wooster (@nickwooster)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Nickelson Wooster (@nickwooster)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Nickelson Wooster (@nickwooster)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Nickelson Wooster (@nickwooster)

 

 

Објавено:
12 август 2021
Категорија: 
Модна икона
Прочитано:
1.162 пати