Овој дедо е вистинска модна икона!

27 јануари 2016

Осумдесетипетгодишен дедо деновиве стана Интернет сензација. Тој живее во кинеската провинција Фуџијан, а целиот свет го запозна благодарение на неговиот внук Џес, инаку фотограф.

Тој ги објави фотографиите од дедото на кинеската социјална мрежа Weibo и оттогаш нема кој може да одолее на шармот на овој господин.

Но, иако изгледа како да е роден со вратоврска и шапка, како манекен во пензија, животната приказна на овој дедо и не е многу среќна.

Тој е фармер и живее во многу тешки услови. За оние што веројатно се прашаа од каде му е убавата облека, внукот одлучил да го почести и израдува, а со тоа да направи и негова комплетна преобразба. Исто така, ова е начинот со кој Џес сака да му се заблагодари за сè што направил за него.

-Дедо ми не зборува многу. Силен човек е, како и многу од неговите врсници, но има големо срце. Кога бев помлад, се грижеше за мене. Сега, кога е постар, сакав на некој начин да му возвратам – вели Џес.

Џес со дедо му .

Во елегантна и тренди облека, тој на дедото му направи фотографии за паметење.

-Се надевам дека со споделување на овие фотографии ќе ги поттикнеме луѓето да поминуваат повеќе време со своето семејство, особено со постарите членови, кои заслужуваат награда за сè што преживеале – порачува внукот.

Ние немаме што да додадеме, освен да го поздравиме овој гест на Џес и да ве оставиме да ги видите останатите фотографии.

Објавено:
27 јануари 2016
Категорија: 
Модна икона
Прочитано:
1.175 пати