Пинк: Од нескротлива бунтовничка до вистинска инспиративна жена

7 септември 2021

Самата се нарекува маж, а токму таа енергија ѝ помогна да стане светска ѕвезда. Од бунтовник и проблематична девојка, зависна од дрога и алкохол, успеа да ги надмине проблемите и да стане семејна жена и горда мајка. Таа е Пинк.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by P!NK (@pink)

 

Медицинската сестра Џудит и воениот ветеран Џим, од Пелсиванија на 8 септември 1979 година ја добиваат ќерката на која ѝ го даваат името Алиша Мур. Со големата љубов и волја за складно семејство, успеваат да ги победат култоролошките разлики. Џим бил католик, а Џудит Еврејка. Пинк е единственото дете од нивната љубов.

Во детските години, татко ѝ ѝ пеел песни и свирел гитара, па љубовта кон музиката ја наследува токму од него. Сепак, нејзините рани училишни денови поминуваат во знакот на спортот. Гимнастиката е доминантна во нејзиниот живот цели осум години, што ги објаснува нејзината мускулеста појава и акробациите во спотовите.

-Сонував за тоа да се натпреварувам на Олимписките игри – призна во една пригода пејачката.

Таа не успеала да го надмине притисокот што го наметнува занимавањето со поединечен спорт и се свртела кон својата втора љубов – музиката. Денес, таа свири гитара, клавијатури и тапани. Позната е и како текстописец, а се обиде и како актерка.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by P!NK (@pink)

На сцената се појави во почетокот на овој век, а вниманието на себе го сврте благодарение на тоа што промовираше „тврд" звук за разлика од оној што тогаш го промовираа ѕвездите Бритни Спирс и Кристина Агилера. Новинарите често ја оценуваа како арогантна, а таа се „бранеше" со тоа дека е само своја и не ја интересира како другите ја гледаат. Јавноста ја опишуваше и како машкуданка, што делумно е и оправдано ако се има предвид дека инспирацијата за своето уметничко име Пинк ја пронајде во ексцентричниот истоимен лик од филмот на Тарантино „Улични кучиња". Наместо буквата И во името, Американката одлучи да стави извичник, со што сакаше да им порача на сите дека нејзината појава предизвикува внимание.

Како средношколка се придружува на еден рок бенд, каде била единствено женско, а нејзините музички идоли биле Џенис Џоплин, Стивен Тајлер, Боб Дилан и Мадона. Во центарот на вниманието и биле скејтери, бајкери и слични момци.

-Јас сум ексретмна. Во животот сум била скејтерка, девојка која оди на рејв забави, ме интересираше хип-хоп музиката а позната сум и како лидер на машки бенд. Сето тоа бев јас и во исто време. Еклектична сум, машкуданка исто така, но сум и некој вид на хипик и гангстер. Не знам дали тоа е добро, но тоа сум јас – се опиша еднаш Пинк која на 13-годишна возраст посегнува по лесни наркотици и почнува да пуши цигари. Тоа не ѝ се допаднало на нејзината мајка, па кога Пинк имала 15 години, ја исфрлила од дома.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by P!NK (@pink)

-Отсекогаш беше своеглава и морав често да бидам репресивна кон неа. Имавме бурни периоди, полни со кавги, но откако роди ќерка, ние две сме поблиски од било кога – вели нејзината мајка Џудит.

Пинк во една пригода откри во какви односи е денес неа:

-Мајка ми е многу среќна што имам ќерка, бидејќи смета дека така ќе разберам што таа сè поминала со мене. Веројатно ќе морам да почекам да стане тинејџерка – се пошегува пејачката.

Пинк во пубертетските денови дознава дека боледува од астма, па својот порочен живот мора да го сведе на минимум. Здравствените проблеми кои ги имала се причина и за нејзините први, „мрачни" песни.

-Не дојдов до тоа да ме носат во болница, но се сеќавам дека едно утро се разбудив на под. Тоа беше последен пат како допрев дрога, а сè се случи на денот кога еден диск-џокеј ми понуди да пеам на хип-хоп забава. Единствниот услов беше да не се дрогирам и јас го прифатив тоа. Така е тоа кај мене – кога нешто ќе одлучам, тоа е тоа – изјави пејачката во интервју за магазинот Shape.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by P!NK (@pink)

Инаку,таа своевремено работела и во ресторан на „Мекдоналдс".

На 21 година одлучува да започне соло кариера, а вниманието на медиумите го сврте со карактеристичниот имиџ и стил на бунтовна девојка, како и розовата коса.

-Секогаш имав проблем со тоа што околината ме гледаше како евтина девојка. Зошто сум јас евтина девојка, а мажот „јак играч". Дечко ми од мене добива исто што и јас од него. Долгите врски се работа на избор – ги правдаше Пинк своите краткотрајни љубовни односи.

Првиот албум под наслов Can't Take Me Home го објави во април 2000 година и тоа музичко остварување се продаде во пет милиони примероци, додека една година подоцна, во друштво на познатите пејачки Кристина Агилера, Лил Ким и Маја ја сними нумерата Lady Marmelade, а која стана планетарен хит.

-Морав да се расправам со менаџерот на Кристина Агилера во врска со тоа кој ќе ги изведува најтешките делови во таа песна – откри Пинк.

Охрабрена од успехот на првиот албум, пејачката веќе следната година почнува да снима песни за ново студиско остварување, а притоа и се вљубува во сегашниот сопруг Кери Харт. Нивната турбулентна врска сепак завршува со брак. Пејачката уште еднаш покажа дека е надвор од сите стереотипи па таа го запроси него. Пинк и Харт се венчаа на 7-ми јануари на Костарика во 2006-та година.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by P!NK (@pink)

 

Прашањето околу родителството носи нови проблеми во нејзината врска со сопругот, која за среќа успеаваат да ја надминат:

-Навистина не сакав да имам деца. Бев престрашена со фактот дека ќе станам мајка. Односот што го имав со својата мајка, понекогаш беше мошне напорен и често бурен. Но, мојот сопруг сакаше отсекогаш да се обидеме во родителството, што и направивме. Сега имам сосема поинакво доживување на целата ситуација и навистина сметам дека тоа е нешто најважно што некогаш сме го направиле – искрена е пејачката.

За време на бременоста се здебели повеќе од 25 килограми, а после породувањето недвосмислено истакнуваше дека намалувањето на телесната тежина не ѝ е на првото место, туку да ужива во грижата за ќерката. Семејството го зазема приматот во нејзиниот живот.

Кога е стилот во прашање, таа остана доследна на бунтовноста. Честопати беше на удар на модните критичари поради својот стил, но во последните години се наоѓа од другата страна на листата. Зрелоста, а и соработката со познати дизајнерски имиња како Проенца Скулер, Стела Макартни, Мис Сиксти... придонесоа да ја видиме и меѓу најдобро облечените. Сепак, најголемите промени таа ги правеше со косата. Честопати тоа го истакнуваше и како хоби:

-Луда коса е вистинска забава – вели таа.

Токму затоа имавме можност да ја видиме и во црвено издание, црно, шатирано, виолетово. Сепак, најчесто е русокоса, што според многумина е нејзиниот најдобар избор.

И покрај не секогаш успешните модни избор, таа е модна икона поради својот став, посебност и доследност!

Објавено:
7 септември 2021
Категорија: 
Модна икона
Прочитано:
1.138 пати