МОДНА ИКОНА

Поп-иконата Гвен Стефани полни 53 години

4 октомври 2022

Поп-иконата Гвен Стефани која во 90-тите години на минатиот век беше ко-основач и член на групата No Doubt, а подоцна успеа да изгради блескава соло кариера, денес полни 53 години.

Не постои сомнеж дека Гвен е вечна поп-икона и нејзната актуелност речиси и да не замира, особено во последно време кога една од главните теми на дискусија на социјалните мрежи е нејзиниот неверојатен младешки изглед.

Фото: Pinterest

Пејачката успеа да ги достигне висините на успехот креирајќи хитови кои до денес се еднакво популарни и енергични како и во своите први денови.

Песните „Don't Speak", „What You Waiting For", „Let Me Blow Ya Mind", „Rich Girl", „Hollaback Girl" и „Harajuku Girls" уживаат статус на класика и вечна слава и се сè уште популарни како кај нејзините фанови од тоа време, така и кај новите генерации.

Фото: Pinterest

Нејзиниот статус како поп-икона е пропратен и со статус за модна икона, земајќи предвид дека Гвен Стефани отсекогаш претставувала стилски камелеон и симбол за слободна експресија со огромно влијание врз оформувањето на модните трендови.

Фото: Pinterest

Од пин-ап, рокабили и стар холивудски гламур, до ска и хип-хоп естетика; од панк и сајбер-гот, до колоритниот стил препознатлив кај девојките од дистриктот Хараџуку во Токио (кој пејачката го направи собено популарен на западот), се чини дека не постои стил што Гвен го нема применето во својот естетски израз.

Фото: Pinterest

Гвен беше препознатлива и по своите храбри фризури и избори на бои за коса, како и смели шминки и употреба на накит за лице.

Во чест на 53-тиот роденден на Гвен - вечната инспирација која нема намера да сопре да инспирира и влијае врз новите генерации во брзо време, ние подготвивме галерија со нејзините најдобрите изгледи во текот на годините.

Фото: Pinterest

Објавено:
4 октомври 2022
Категорија: 
Модна икона
Прочитано:
192 пати