Веројатно од насловот веднаш сфативте дека ќе говориме за шпанската поп сензација Росалиа која во моментов е една од најпопуларните пејачки со милионски прегледи на нејзините спотови на „Јутјуб“.

Pitchfork

Младата музичка сензација светот ја запозна преку песната „Malamente“ која за кратко време стана ултра популарна, по што следеа и бројни други, како и соработки со некои од најпознатите продуценти на денешницата.

Видеото за песната „Aute Cuture“, како што доликува, беше исполнето со голем број впечатливи стајлинзи за кои медиумите пишуваа со недели. Специфичниот стил што 25 годишната пејачка го гради е резултат на соработката со познатата стилистка Саманта Буркхарт и нејзината сестра Пили кои секогаш одбираат совршени и екстравагантни парчиња за Росалиа.

Pitchfork

За многу кратко време таа стана кралица на стилот во нејзиниот свет, односно омилена модна икона на публиката што се заљуби во миксот од поп со примеси на фламенко.

 Токму она што е воодушевувачки за неа е што успеа повторно да го врати овој правец на сцената и да направи младите ширум светот на фламенкото да не гледаат како на нешто ретро, туку на нешто сосема кул и тренди.

Кога ќе ги земеме сите овие работи предвид, воопшто не треба да не изненадува фактот што таа за кратко време стана миленичка на новата генерација, стилска дама од која се инспирираат младите девојки и пример за тоа како изгледа една независна и бестрашна девојка.

Vogue Spain

„Покрај тоа што сум изведувач, јас компонирам, продуцирам и аранжирам“, ќе каже таа во едно интервју за Pitchfork.

Додава и дека свири на многу инструменти како пијано, бас гитара, па така, на крајот на денот завршува многу повеќе работи одошто сите мислат.

Pitchfork

Инаку, таа не доаѓа од музичко семејство. Пораснала во Барселона, а од многу рана возраст покажала интерес кон музиката, за на осум години веќе да почне да се интересира за различни правци.

Денеска, полека но сигурно таа е на пат да стане една, ако не и единствената шпанска пејачка со светски успеси од овие размери. Соработките со Џеј Балвин и Фарел само докажуваат дека многумина веруваат во оваа ултра стилска и талентирана девојка која допрва ќе го освојува светот.

Инфо: Billboard.com, Pitchfork.com, Harper's Bazaar

Фото: Pitchfork.com, Instagram

Објавено:
23 јули 2019
Категорија: 
Модна икона
Прочитано:
800 пати