Сандра О - Актерката која знае да го дозира сјајот

8 април 2020

По потекло од Кореја, а родена во Канада - актерката Сандра О (47) ја запознавме како Кристина Јанг, амбициозниот специјализант, а потоа и доктор во серијата „Вовед во анатомија“, од која ќе биде дел цели 10 години.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Sandra Oh (@iamsandraohinsta) onJan 8, 2019 at 5:31pm PST

 Инаку, таа си заминала од аудицијата за споменатата серија. Причина биле различни и повеќе - го заборавила телефонот дома, како и паричникот, а во последен момент успеала да му се јави на својот агент. Но, едноставно не чувствувала дека тоа е вистинската работа за неа во тоа време.

„Практично, си заминав од аудицијата. Дојдов рано, се загреав, а потоа чекав на проба со сите други. Во еден момент реков, морам да заминам. Но, благодарение на врската која што ја почувствува авторката на серијата, Шонда Римес, ја добив улогата секако и ја играв 10 години“, објаснува О.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Sandra Oh (@iamsandraohinsta) onJan 8, 2019 at 5:31pm PST

 Но, се чини, вистинскиот блесок за неа дојде со серијата „Убивајќи ја Ив“, каде ја игра главната улога. Освен што доби „Златен глобус“ и стана првата Азијатка што ја добила таа награда, беше прогласена од „Тајм“ и за една од 100 највлијателни жени во светот.

Направи револуција за жените - Азијатки, а пред сè за себе.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Sandra Oh (@iamsandraohinsta) onApr 18, 2019 at 9:37am PDT

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Sandra Oh (@iamsandraohinsta) onApr 3, 2018 at 8:27am PDT

 Во една своја објава на Инстаграм, на која се нејзините родители под билбрд со реклама за серијата во која глуми, ќе напише: „Ми требаше само 30 години за ова“.

Како што долго време се бореше за своето место во филмската индустрија, така изгледа, беше неправедно во сенка кога е и модата во прашање. 

Последните две години, таа се појавува во исклучително трендовски парчиња, кои совршено умее да ги носи. Посебно ни е интересно тоа што, речиси секогаш на неа има парче или детаљ кој сјае. Некогаш тоа е ткаенина со металик сјај, некогаш се монистри, некогаш луксузни тантели или брокат, но нејзините модни комбинации никогаш не се досадни.

И да, ако ви го привлекла вниманието во „Вовед во анатамија“, тогаш ваквите нејзини изданија ќе ви бидат чудни.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Sandra Oh (@iamsandraohinsta) onJan 15, 2018 at 1:27pm PST

 Но, факт е дека изминативе години редовно се наоѓаше на листата на најдобро облечени жени. Кај неа никогаш нема да видите премногу разголени стајлинзи, но ќе видите волуменозни ракави, интересни кроеви, карнери, пердуви... впечатливи трендови дозирани на вистински начин. 

Или кога се „претерува“, тогаш се „претерува“ на вистински начин. Пример за тоа е креацијата во која се појави на годинашните „Оскари“, а која ја потпишува Ели Сааб. На неа има и сјај, карнери, тантела, ремен, волумен, но ако не се појавите во такво нешто на црвениот килим, па кога?

Нејзиниот стил е комбинација на класични кроеви, со впечатливи тренди детали.

 А погледнете дел од нејзините модни појавувања. И да, одлично се снаоѓа во модни фотографии:

Објавено:
8 април 2020
Категорија: 
Модна икона
Прочитано:
429 пати