Хрватската пејачка Северина денеска го прославува 50 роденден. Може да ви се допаѓа нејзината музика, или пак да не ви се допаѓа, но она што не може да се оспори е дека оваа дама одлично се служи со модниот јазик.

Жена која може да облече буквално се' и да умее тоа да го носи. Таа ја носи облеката, а не обратно. Низ годините можевме да видиме различни модни трансформации - од фризура до облека. Не бега од храбри модни изданија, од боја, од сјај, но подеднакво одлично се снаоѓа и изгледа во класичните парчиња.

И секако дека не било така од почетокот на кариерата. Но, соработката со дизајнери, стилисти ја трансформираа во вистинска модна икона која со изгледот може да им парира и на светските ѕвезди.

Актуелни парчиња од светските дизајнери, со микс од улични модни брендови или хрватски дизајн, Северина во последните децении речиси и да немала модна утка.

И покрај тоа што со модата е на „ти“, во нејзиниот тим се' уште има вработен стилист, кој ги доведува нејзините стајлинзи до перфекција.

Секако, виткото мускулесто тело ѝ овозможува модната игра да се одвива полесно, но и самата вели дека не е едноставно таа форма да се задржи.

Нејзиниот живот е полн со контроверзи и секогаш го привлекувал вниманието на јавноста. Но, освен тоа, често предмет на дискусија е и нејзиниот изглед, поточно лице и различните мислења за тоа што на неа е природно, а што дело на естетската корекција.

Пејачката во една пригода изјави дека го оперирала носот, поради девијација на септумот. Често се пишуваше и дека ги затегнувала капаците, ги кревала јаболчиците, како и дека има силикони, но Северина никогаш не реагираше на таквите написи и тврдења. 

Во една пригода, нејзиниот изглед го коментираше и естетски хирург, а неговиот заклучок е дека „Северина ги пополнувала усните, брчките околу усните, ги поткренала јаболчниците, како и дека нејзиното чело помеѓу веѓите, како и делот околу очи се ботоксирани, а со помош токму на ботоксот се поткренати и веѓите.

Без оглед на тоа што е вистина, факт е дека се смета за една од најубавите жени, а воедно и најдобро облечени, а во прилог на тоа одат и фотографиите во галеријата на почетокот од текстот.

 

 

Објавено:
21 април 2022
Категорија: 
Модна икона
Прочитано:
3.771 пати