Може да ви се допаѓа или не, но мора да се признае дека Шер остави вистински белег на сцената и во музичка, но и во модна смисла.

Специфичната боја на гласот како да не беше доволна, па Шер се потруди да ѝ остави впечаток на публиката, кој нема брзо да го заборави.

Затоа, кога мислите на Шер мислите на скандал и меѓу првите асоцијации се мрежестото, транспарентно боди и двете црни ленти, во комбинација со кожена јакна и чорапи со халтери.

 

Нејзината кариера ја започнува во 60-тите, кога таа нема ни 20 години, но има став и стас да носи што ќе посака. А таа посака да носи впечатливи парчиња, светкави комбинезони, смели креации кои откриваат многу кожа, нешто што не беше својствено сè уште за тоа време.

Кога на тоа ќе ја додадете прекрасната долга коса и убавото лице на Шер, таа дефинитивно беше појава што се помни.

Шер - 1965

Во седумдесетите потоа продолжи со уште попровокативни изданија, кои станаа хит веќе во 80-тите. Кога сите ги носеа, Шер веќе одеше кон нешто друго, бидејќи таа беше пред времето.

Денес не ја гледаме премногу често на екраните, а и кога ќе се појави, останува доследна на стилот од времето на најголемата популарност. Но, тоа и не може да ѝ се замери, бидејќи сè што денес е актуелно таа веќе го носела.

Шер 1974

Во 2017 година, на „Билборд“ наградите, пејачката ја доби наградата за музичка икона и на сцената направи вистински спектакл со изведбите на хитовите „Believe" и „If I could turn back the time" . Она што воодушеви беше појавата на Шер, која се потруди да изгледа исто како во времето кога за првпат ги испеа овие песни. Првин се појави во сребрен сценски костим, со светкави срциња во делот кај градите. Потоа ја видовме во препознатливото црно транспарентно боди, кожена јакна и високи црни чизми – стајлинг во кој се појави пред речиси 30 години, кога и песната се појави (1989).

-Музиката и сцената беа нешто што сакав да го правам уште кога имав пет години. И еве го правам дури 53 години. Вчера, наполнив 71 година. А, да, и можам да издржам пет минути планк (вежба) – изјави тогаш пејачката.

Голи фустани? Бијонсе, Ким Кардашија и Џеј Ло можеа само да учат од Шер, бидејќи таа го носеше уште во 1974 година.

Топ и долен дел, трендот што веќе неколку сезони е еден од најактуелните, Шер го носеше уште од самите почетоци на кариерата и тоа во бројни варијанти – рок, винтиџ, ориентални...

Шер 1974

Шер 1975

Џинс и транспарентно боди, или пак џинс и волуменозна кошула, се веќе добро познати нешта за неа. Пругите кои денеска апсолутно доминираат во сите варијанти, беа чест избор и на пејачката но неколку децении наназад.

Шер 1978

1985

Боди, мото-јакна, реси, Шер изгледаше како во нив да е родена, ги носеше со таква самодоверба, бидејќи едноставно умееше тоа да го износи. А денешните познати ѕвезди можат само да црпат инспирација од неа. Некои, како Ким Кардашијан, тоа и јавно го признаваат.

Шер 1988

 Денес полни 74 години и сè уште е активна. Неодамна ја промовираше шпанската верзија на песната „Chiquitita“ на АBBA, што е воедно и нејзина прва песна на шпански. 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Cher (@cher) onDec 1, 2019 at 8:34pm PST

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Cher (@cher) onJul 20, 2018 at 3:47pm PDT

Иако е препознатлива по црната коса, во второто продолжение на мјузиклот „Мама Миа“, ја видовме и како блондинка, а во текот на кариерата беше и црвенокоса. 

Има свој парфем, а е едно од заштитните лица и на брендот „ Disquared2“, па пред неколку месеци направи и фотосесија со модното дуо, каде изгледа како 20-годишна. Иако фотошопот тука си го направил своето, сепак таа изгледа фантастично за годините.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Cher (@cher) onFeb 5, 2020 at 10:56pm PST

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Cher (@cher) onFeb 4, 2020 at 10:25pm PST

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Cher (@cher) onFeb 3, 2020 at 1:55pm PST

Уште еден момент вреден за внимание е и учеството во мартовското издание на модното списание на Карин Ројтфелд - CR Book. Шер заедно со Наоми Кембел и Ким Кардашијан направи краток филм и фотографии, каде трите се со ретро фризури и на мотори.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Cher (@cher) onFeb 29, 2020 at 8:06pm PST

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Cher (@cher) onMar 5, 2020 at 5:58pm PST

Сето ова е показател дека го негува духот, како и телото и дека енергијата која ја поседува и во осмата деција од животот е нешто на што би можеле да ѝ позавидат и многу помлади од неа.

Во галеријата погледнете некои од нејзините највпечатливи изданија. Во колку од нив препознавате актуелни трендови?

Објавено:
20 мај 2020
Категорија: 
Модна икона
Прочитано:
6.107 пати
Тагови: 
модна икона Шер