Софи Тарнер – модна икона која не се плаши да експериментира!

6 јуни 2019

Веројатно веќе ја препознавте младата актерка од мега популарната серија „Игра на тронови “ која во истата ја толкува улогата на Санса Старк.

Во моментов, Софи Тарнер е актуелна со нејзиниот нов филм Икс Мен: Мрачниот Феникс, на кој критичарите му прогнозираат блескава иднина и уште подобра заработка.

На промоциите на филмот ширум светот, шармантната актерка внимателно ги одбираше комбинациите во кои ќе се појави и очекувано, секогаш изгледаше супер стилски.

Она што е интересно кај неа е тоа што сите парчиња што ги одбира, таа ги носи на посебен начин и секогаш ѝ дава свој печат на комбинацијата.

И ако мислевте дека некои парчиња се неспоиви, тогаш оваа млада дама постојано нѝ го докажува спротивното.

Токму нејзиниот стил е причина што долго време е амбасадорка на брендот Луј Витон во чии креации ја гледаме најчесто.

И ако на почетокот од нејзината кариера се чини дека обожуваше црно, како поминуваше времето таа додаваше сè повеќе боја за денеска да има целосно изграден стил што често е инспирација за останатите.

Инспирација ја прави и тоа што речиси никогаш не се плаши да ризикува и да експериментира со облеката, па така често можеме да ја видиме во впечатливи комбинезони со ултра шик принт, во целосна џинс комбинација, со мешани принтови, со розово бојадисана коса.

Во продолжение, да се потсетиме на некои од нејзините најдобри стајлинзи досега.

Фото: Harper's Bazaar

Објавено:
6 јуни 2019
Категорија: 
Модна икона
Прочитано:
1.063 пати