Софија Лорен - од девојка чиј изглед сакале да го менуваат до безвременска убавица

20 септември 2021

Софија Вилани Шиколоне е родена на 20 септември 1934 година во Рим. Нејзиното семејство било сиромашно и во малиот стан живеела со мајката Ромилда, таткото Рикардо, сестрата Марија, а со нив биле и баба, дедо, вујковците и тетките. 

Неколку пати во кариерата потенцирала дека верува дека животот во сиромаштво  ја направил издржлива и силна жена.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Espacio CENDAS (@espaciocendas)

 

Во детството не важела за убаво девојче на кое момчињата ќе обрнат внимание. Но, речиси преку ноќ станува убавица на која ретко која врсничка ѝ е рамна.

На 14 годишна возраст учествува во избор за убавина (Мис Италија), каде ја освојува титулата Мис Елеганција. Кратко време се занимава со моделство и манекенство, но ќе ѝ посочат дека би можела да се обиде со актерството, што и го прави.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by roshan (@roshan_gostar_sari)

Веќе следната година добива неколку мали улоги, а потоа ќе ѝ се посреќи да ја добие улогата во филмот „La Ciociara“ за која ќе освои „Оскар“ и така ќе стане првата актерка од некоја земја од неанглиско говорно подрачје наградена од Американската филмска академија. 

А во продолжение уште неколку интересни факти од животот на оваа дама:

-На шестгодишна возраст во брада ја погодува шрапнел (во тект е Втора светска војна), од што има белег кој што го носи цел живот.

-На 23 години се мажи за продуцентот Карло Понти. Но, бидејќи тој веќе бил женет во очите на законот и Ватикан, се разведуваат, за Понти да не биде обвинет за бигамија. Сепак, остануваат во врска, а потоа повторно се венчаваат 1966 година.

-Во 1982 година Софија поминала 17 дена во затвор поради неплаќање данок.

-Авторка е на три книги со рецепти.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Isra Guillén (@_sabatico)

-Инспирацијата за своето уметничко презиме „Лорен“ ја добила од името на шведската актерка Марта Торен.

-И покрај тоа што сега е вбројувана во листата на најубави жени на светот, тоа не било секогаш така. На почетокот на кариерата ѝ било кажано дека не е доволно убава за шоубизнис. И тоа ѝ го кажал нејзиниот сопруг Карло Понти, кој бил 22 години постар.

„Невозможно е човек да ја фотографира. Нејзиното лице е прекратко, устата преголема, носот предолг...“, ѝ зборувале, а на тоа Понти додал дека би требало да смени нешто и дали размислува да го „ублажи својот доминантен профил на лице“. 

Тоа многу ја разлутило Софија која му одговорила: „Ако сугерираш дека морам да си отсечам дел од носот за да снимам филмови, тогаш се враќам во мојот роден град. Немам намера да го намалувам носот“.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@quelle.beaute)

-Во 1958 година на сетот на романтичната комедија „Куќа на вода“, Кери Грант, кој тогаш има 54 години, ќе се обиде да ја освои Лорен, праќајќи ѝ цвеќе, давајќи ѝ ветувања за брак, но не успеал.

„Имав само 23 години. Кери беше привлечен, но не можев да се омажам за некој од друга земја. Карло беше од мојот свет, вистински Италијанец, знаев дека не можам да го оставам“, вели во една пригода актерката. Со Понти беа во брак до 2007 година, а од таа љубов ги имаат синовите Карло и Едоардо.

-За улогата во филмот „Падот на римската империја“ од 1964 година добива рекордни милион долари и така станува убедливо доминантна на филмската сцена.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by maria (@_holygray_)

-Минатата година ја гледавме како дел од остварувањето на нејзиниот син Едоардо Понти, „La vita davanti a sé“, каде ја глуми Роуз, Еврејка која го преживеала холокаустот и која им помага на жените на маргините на општеството. Тоа беше нејзино појавување после 11 години пауза, а во една пригода изјави дека за улогата се подготвувала и по 10 часа дневно.

 -Софија Лорен, според возрасната граница е најстариот модел кој има позирано за „Пирели“ календарот. Тогаш имаше 72 години, но и денес со своите 87 години, може да се пофали со совршено обликувано тело. Актерката секојдневно вежба, 45 минути прави стомачни вежби, а од 05.00 до 06.00 часот наутро редовно прави вежби за истегнување и пешачи по еден час секој ден и вели дека во тоа е нејзината тајна. Добро, и во шпагетите :).

 

Објавено:
20 септември 2021
Категорија: 
Модна икона
Прочитано:
2.816 пати