Конечно дојде најсреќниот ден од неделата што се погоди да биде и супер сончев. Затоа денеска без проблем ги комбинираме омилените бели фармерки со стилска кошулка на пруги и шик јакна во темно зелена боја.

Денеска целото внимание е свртено кон модните додатоци, па така во комбинацијата ја вметнавме и нашата стилска шапка во крем нијанса и чизмички во иста боја.

Задолжително со вас понесете ги и очилата за сонце и украсете ја комбинацијата со накит по избор.

Уживајте во сончевиот ден!

Фото: Pinterest

Објавено:
20 февруари 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
677 пати