Голем дел од филмските остварувања на Хичкок во фокусот ги имаат силните, но проблематични жени. Изгледот во неговите филмови е круцијален со оглед на тоа дека сликата е изградена на костимите кои изгледаат моќно, а во исто време и опасно.
Костимите биле централните елементи за многу класици со негов потпис. Тоа се т.н. пенкало-здолништа, женствените вечерни фустани, класични и плик-чанти, совршено средени фризури, ракавици во сите должини и грациозни бунди.
Грејс Кели во To Catch A Thief
Ким Новак во „Vertigo“, Грејс Кели во „To Catch a Thief“, Ингрид Бергман во „Notorious“ не ни можат да се замислат во поинакви комбинации и став.
Хичкок честопати ја употребувал облеката како додаток на личноста за главните актерки на филмот. Всушност, не се работи само облека, тука е и сликата, кинематографијата и се' она што е поврзано со креирањето на совршената препознатлива приказна на овој режисер.
Грејс Кели во Dial M For Murder
Ингрид Бергман
Ингрид Бергман
Ким Новак во Vertigo
Ким Новак
Марлен Дитрих во Stage Fright
Типи Хедрен во Птици