Стилот на Емили Блант - одраз на елеганција и женственост

23 февруари 2021

Британската актерка Емили Блант е добро позната на публиката. Нејзината работна биографија е навистина долга, но „Ѓаволот носи Прада“ ја вивна во ѕвездите.

Случајно или не, Блант на јавните појавувања честопати го носи овој бренд. Низ годините нејзиниот стил и изглед се менуваа, но она на што остана доследна е женственоста и елеганцијата.

2007

Правеше промени и со фризурите, па од долга црна коса, сега е русокоса со боб фризура. Кога е стилот во прашање, не бега од боите и од принтовите, но секогаш ги смирува со модните додатоци, па на тој начин ја спојува класиката со забавната страна на модата.

И ако порано тесните фустани и долги беа нејзиниот прв избор, во последно време ги заменува со креации со широк крој, комбинезони или тесни миди фустани.

2018

Инаку, целото име на актерката, која на 23 февруари го прослави 38. роденден е Емили Оливија Леа Блант. Од 7 до 14-годишна возраст, Блант имала проблем со пелтечење, а нејзината учителка ѝ помогнала да го надмине пелтечењето преку глума. Таа е член на бордот на директори на американскиот институт за пелтечење. Блант се школувала во училиштето „Ibstock Place" и на 16-годишна возраст се запишала во приватниот колеџ за уметности „Hurtwood House". Таму, таа била откриена од агент.

Од 2010 е во брак со Џон Красински, со кого има две деца, а во 2017 година од списанието „Холивуд репортер“ се прогласени за холивудска двојка на годината. 

Претходно беше во тригодишна врска со пејачот Мајкл Бубле.

Последното нејзино остварување е „Мери Попинс“, а на секоја од премиерите воодушеви со стајлингот.

2018

Некои од највпечатливите стајлинзи низ годините погледнете во продолжение:

 

2007

2008

2010

2011

2011

2012

2012

2013

2013

2013

2014

2013

2014

2014

2014

2014

2015

2015

2015

2015

2015

2015

2016

2016

2016

2016

2016

2017

2018

2018

2018

2018

2018

2018

Објавено:
23 февруари 2021
Категорија: 
Модна икона
Прочитано:
1.217 пати