Стиви Никс – кралица на бохо стилот!

24 јуни 2015

Легендарната пејачка и текстописец, Стиви Никс, покрај богатата музичка кариера, успеа да изгради и уникатен стил по кој јавноста ја препознава, а од кој модниот свет се инспирира.

Стилскиот избор на пејачката која во средината на 70-тите години му се придружи на популарниот бенд Fleetwood Mac, се базира на популарните трендови во тој период, кога особено беше актуелен бохо имиџот.

Од тогаш таа важи за кралица на бохо стилот кој е релевантен и денеска, и е особено влијателен во актуелната женска мода.

Кафтаните со реси, лелеавите фустани, панталоните-ѕвонарки, широките кошули, флоралните апликации и чизмите над колена се задолжителни парчиња во нејзиниот изглед не само за нејзините јавни настапи,  туку и во приватниот живот.

Во продолжение погледнте дел од нејзините исконски комбинации.

 

 

Објавено:
24 јуни 2015
Категорија: 
Модна икона