Креативниот ум зад непогрешливиот бренд The Vampire's Wife, Сузи Кејв, е стилска икона која има моќ да ги претвори во љубители дури и оние кои вообичаено имаат сосема поинаков стил на облекување. Топ моделот Кејт Мос го дефинира нејзиниот бренд како „учтив, непретенциозен, но со силна компонента на сексапил".
Сузи Кејв, која исто така е позната и како сопругата на познатиот рок музичар Ник Кејв, е поранешна манекенка, откриена од Стивен Мајзел на 14-годишна возраст. Таа се упатила кон Њујорк и се појавила на насловната страница на Vogue Italia во март 1985 година.
Фото: Vogue
Сузи Кејв е љубител на мистериозната и сензуална женственост скриена зад скромната и нежна облека; стил на прериска девојка која во исто време има и внатрешна желба за еманципација и револуција.
Тоа го докажува нејзиниот изглед кој честопати ја отсликува контрадикторноста помеѓу женственото и чистото, и мажественото и возбудливото, дополнети со елементи на сензуалност.
Фото: Vogue
Секогаш во потрага по убавина, таа го создаде фустанот „Фалконети" кој Vogue го прослави како „фустан на деценијата" благодарение на неговите ненадминати квалитети: припиен до телото на вистинскате точки и светол како скапоцен камен, со елементи од сомот, тантела и нежна свила.
Фото: Vogue
Дизајнерката на The Vampire's Wife е несомнено позната и препознатлива по својот уникатен стил, а помеѓу нејзините лојални љубители се вбројуваат и Дакота Џонсон и Кејт Мидлтон, кои не можат да одолеат на шармот и стилот потпишани од „сопругата на вампирот".
Фото: Pinterest