Стилот на Рене Зелвегер отсекогаш важел за софистициран и минималистички. Парчиња во премногу интензивни бои или принтови, се бројат на прсти.
Но, без разлика на нејзините мудри модни избори, таа долго време беше во сенка на некои други холивудски ѕвезди, како на пример, Никол Кидман.
Сепак, години наназад, сè повеќе доаѓа до израз нејзината софистицираност, можеби и поради сличноста со трендовите кои владеат. Особено блесна во последната сезона награди во Холивуд.
Нејзините појавувања и награди кулминираа со „Оскарите“, каде беше победничка во категоријата за Најдобра актерка во главна женска улога.
Петра Фланери е името на стилистката која работи со Зелвегер од 2016 година, кога и значително се забележува новиот изглед на Британката.
„Таа е прекрасна личност и навистина убедлива, одлучна. Да се работи со неа е фантастично, бидејќи сака да соработува, но на крајот таа одлучува што сака да носи“, објаснува Петра.
Нивната прва соработка е за промоцијата на третото продолжение за Бриџит Џонс, „Бебето на Бриџит Џонс“. За оваа сезона пак, тие понудија женственост и беспрекорна елеганција.
„Таа беше веќе модна икона, јас пораснав гледајќи ја како освојува награди и колку е гламурозна. Таа во себе ја носи елеганцијата и нејзината личност сосема одговара на класичниот моден израз, на безвременоста во комбинација со шик елементи“, објаснува стилистката.
И токму така би можеле да се опишат сите комбинации кои ги видовме, од последната бела светкава асиметрична на „Армани“, па преку свилениот костим на „Диор“, фантастичниот свилен розов фустан на „Прада“ на БАФТА, па сè до синиот сирена фустан на „Армани“ на „Златните глобуси“.
Нејзината стилистка за „Вог“ изјави дека Рене со текот на годините одлично се запознала и со дизајнерите, но и со нивната работа.
„Кога доаѓа моментот на дефинирање на стајлинг, таа седнува на маса со одлично знаење. Ми се допаѓа што е неверојатно свесна, а воедно и возбудена за стилот. Не брза и си зема време за да ги направи работите совршено“, потенцира Фланери.
Така, нејзиниот стил години наназд изгледа совршено, но не добивате впечаток дека премногу се трудела, бидејќи со леснотија знае да ги носи креациите на неа.
„Нејзината тајна е што одвојува дополнително време за пробите. Сака работите да се едноставни, а сепак длабоки. Понекогаш пробите траат со часови, додека да се најде совршениот изглед, но нависитна е професионалец. Обрнуваме внимание на формите и материјалите, но креациите секогаш мора да бидат комплементарни на нејзината фигура и пропорции. Голем дел од креациите се изработуваат по нарачка, бидејќи тоа е тоа што таа секогаш го прави, по тоа е препознатлива. Има прецизно око за детали и одлично со работи со луѓе слични на неа, таа гледа сè и почитува сè. На пробите одам и јас, да се уверам дека парчињата стојат како што треба“, потенцира стилистката.
А резултатот на оваа посветеност го гледаме и години наназад. Може да се рече дека сезонава таа беше фокусирана на софистицираноста од раните 1960-ти, со скуптурални форми, кои се со должина до глужд. Ретко, но знае да изненади и со мини фустани во А-крој. Фалтите се момент што не секогаш се очекува, но таа сака да биде вклучен.
„Нејзиниот стил е толку префинет што некогаш би го споредиле со оној на Џеки Оназис“.
Кога е во прашање бојата, оваа сезона Рене Зелвегер најчесто бираше црни и темносини комбинации, но познато е дека е обожавател и на пастелните нијанси, што го потврди и со веќе споменатите розов и син фустан, бидејќи таа нежност ѝ одговара.
Таа е филмска ѕвезда и изгледа како таква!“, нагласува Петра.
Комбинациите во продолжение само го потврдуваат ова нејзино тврдење.