Запознајте го Џони Петрозино: 57 годишен маж со кул стил!

19 јуни 2018

Џони Петрозино е згоден 57 – годишен маж со неколку професии. Тој е фризер, продавач на винтиџ работи и најинтересно – машки модел.

Благодарение на неговиот посебен, ретро стил, впечатлив изглед и говор како на Тони Сопрано, досега бил ангажиран за многу реклами и кампањи меѓу кои и онаа на Хелмут Ланг заедно со Канје Вест.

Она што е особено интересно за него е што е до толку впечатлив што неговото лице беше ставено на маичка на брендот LRS во нивната есенска колекција.

Што се однесува до неговиот личен стил, тој секогаш одбира впечатливи панк комбинации со италијански примеси, иако е само локален тип од Њу Џерси.

Тој е роден и пораснат во местото Блумфилд и целиот свој живот го поминал во локалните места, работејќи во неговата продавница за винтиџ работи, а во слободно време бил фризер.

„Секој ден е различен. Некогаш сакам да изгледам како да сум излезен од 60 – тите, друг ден од 30 – тите, а потоа како панкер од 70 – тите. Секогаш зависи од тоа како сум расположен“, вели Џони за неговиот стил.

Неговите омилени парчиња се оние во милитари стил во кои можеме да го видиме најчесто, но и разни винтиџ јакни во кои ќе каже дека е вљубен.

„Никој не ги гледа тие парчиња во продавниците. Тоа се парчиња кои ги пробуваш и знаеш дека изгледаш добро во нив“, вели тој.

Тој ќе каже дека најважен е начинот на кој ги носите парчињата и начинот на кој ги презентирате.

„Најважен од сè е вашиот карактер преку кој се претставувате. Можете да ги носите и најдобрите дизајнерски парчиња и тие да изгледаат добро, но ако не знаете да ги носите или ако не соодветствуваат со вашиот стил, нема да поминат“, вели Џони.

За крај, тој ќе посочи дека секој стајлинг треба да биде зачинет со вашиот омилен моден додаток, кој ќе помогне комбинацијата да биде уште повпечатлива. 

Објавено:
19 јуни 2018
Категорија: 
Модна икона
Прочитано:
410 пати