Жанел Моне - девојка на која ѝ успеа да стане модна икона носејќи само три бои

9 јули 2019

Сигурни сме дека доколку често слушате музика од Јутјуб, кога ќе ја слушнете рекламата за Жанел Моне, ви се крева косата на глава (и Шон Мендез секако).

Но, и покрај тоа што честото спомнување на името може да создаде аверзија, сепак Жанел Моне е девојка со фантастичен стил.

Има 33 години, родена е во Канзас во сиромашно семејство. Уште од детските денови покажува талент за пеење и глума, па изборот да замине за Њујорк и да студира на Американската академија за музика и драма, воопшто не е случајност.

И кариерата ја градеше на повеќе фронтови - телевизиски проекти, филмови и песни. Денес е препознатлив мулти-уметник со препознатлив стил.

Ако го анализирате токму стилот, ќе забележите дека уметницата носи три бои (односно нијанси) црна, бела и црвена, а Жанел во 2012 година објасни и зошто е тоа така.

„Кога ја почнував мојата музичка кариера, бев слугинка, чистев куќи. Мајка ми беше горда домарка, а очувот работеше во пиштата, татко ми пак, беше ѓубреџија. Сите носеа униформи и токму затоа јас денеска се појавувам во црно-бели комбинации. Ја носам мојата униформа за да им оддадам почит. Воедно, тоа ми е потсетник дека и јас морам многу да работам. Имам луѓе кои треба да ги кренам, да ги инспирирам“, изјави тогаш Моне.

Така, нејзиниот стил низ годините еволуираше во сè позрели стајлинзи, но црната и белата беа константа, во комбинација со црвената и многу ретко розовата.

Фотографиите во продолжение и ќе го покажат тоа:

 

Објавено:
9 јули 2019
Категорија: 
Модна икона
Прочитано:
1.362 пати