На денешен ден е родена легендарната холивудска актерка Елизабет Тејлор

27 февруари 2023

Елизабет Тејлор беше поим за убавина, грациозност и стил. Нејзиното име се поврзува со многу работи, а помеѓу нив е и тоа дека беше првата жена што доби милион долари за филмска улога.

Со портретирањето на Клеопатра во истоимениот филм, во 1963, актерката испиша историја.

Костимите што таа ги носеше во епската драма, од свила, кадифе и златен конец, беа најскапите костими што дотогаш биле креирани.

Зад нивната креација стоеше дизајнерката Ајрин Шараф, која што доби и оскаровска номинација.

Тејлор беше и првата славна личност што имаше своја линија на парфеми, наречена Passion, по која што следуваше уште една, White Diamonds.

Поседуваше и импресивна колекција на скапоцен накит, меѓу кои беа и 33 каратниот Krupp дијамант и 69 каратниот Burton-Taylor скапоцен камен. Вкупно 1.778 парчиња скапоцен накит од колекцијата беа продадени за повеќе од 150 милиони долари по нејзината смрт во 2011 година.

Преубавата актерка, во текот на нејзиниот живот, красеше повеќе од 1.000 насловни страни, а на некои списанија се појави и по 15 пати.

Елизабет освои два Оскари за најдобра женска за Butterfield 8 во 1961 и повторно во 1966 за улогата во Who's Afraid of Virginia Woolf?

Ја паметиме и по бројните љубовни афери, турбулентниот брак со актерот Ричард Бартон, но најмногу по безвременската убавина, талент и храброст да се премостат многу животни предизвици.

Фото: Pinterest

Објавено:
27 февруари 2023
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
437 пати