1 рецепт + 15 идеи за супер креативни велигденски колачиња

13 април 2021

Ни се ближи Велигден, па ако сте од оние што уживаат во правење колачиња, кои можат да бидат радост за најблиските, но и одличен подарок за луѓе што ви значат, ние пронајдовме неколку интересни примери и еден фин рецепт.

А еве што ви е потребно:

-250 гр. путер, 450 грама брашно, 100 грама шеќер, 1 ванилин шеќер, 1 јајце, 1 жолчка, 1/3 ќесичка прашок за пециво

Постапка:

Изматете го путерот заедно со шеќерот и ванилиниот шеќер, јајцето и жолчката. Потоа, постепено додавајте го брашното кое претходно сте го помешале со прашок за пециво и со рацете замесете тесто.

Кога ќе стане мазно, завиткајте го во растеглива фолија и оставете во фрижидер еден час.

Потоа, на површина на која претходно сте наросиле брашно, развлечете тесно со широчина од 5 мм, а потоа со калап во форма на јајце (или други фигури - зајче, пиле и слично) исечете го тестото.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@mom_shef_)

Ако имате на пример алиминиумски калап во кружна форма, притиснете го од едната страна и ќе добиете јајцевидна форма.

Ставете ги колачињата од тесто во широка тава обложена со хартија за печење. Печете во претходно загреана рерна на 180 степени, 14-14 минути.

Потоа, оставете ги колачите малку да се изладат во тавата, а потоа префлете ги на решетка сосема да се изладат.

Како да ги украсите: Секое колаче премачкајте го со омилениот мармелад. Најдобро е да го правите тоа со четкичка со која најчесто ги премачкувате тестата и слично. 

Ако имате фондан, развлечете го тенко и потоа со истите калапи направете форми.

Искусните домаќинки велат дека можете да искористите и поедноставни рецепти за божиќни колачиња, со што можете да намалите на цимет. А да украсите со пастата од белки.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Chunky Bake (@chunky.bake)

Потребно: 1 белка, 2 лажици млеко, 300 грама шеќер во прав

Подготовка: во блендер ставете ги сите состојки и измешајте ги на умерена брзина. Ако немате блендер, може и миксер. Треба да добиете мазна смеса која не е ниту прегуста ниту премногу ретка. Поделете ја глазурата во неколку помали садови и во секој од нив додадете одредена прехрамбена боја, доколку ви се потребни повеќе бои. Потоа, саканата глазура ставете ја вреќичка (ќесичка за шприц) и декорирајте по желба. Можете да додадете и бомбони, чоколадни трошки и слично, зависи како сакате да ви изгледаат колачињата. На крај, оставете ги неколку минути да се стегне глазурата, а потоа послужете ги.

А во продолжение уште неколку предлози за покреативните:

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@bobivanilka)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Ana Bader (@anabaderbakeandcake)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by SweetSandy (@_sweetsandy_)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@pryanaya.istoriya)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by She.G.Cakes (@she.g.cakes)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@vlada_bakery)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by SweetSandy (@_sweetsandy_)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Kasia (@kasia.ros.now)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Paulina Jamborowicz (@deer.home)

 

Објавено:
13 април 2021
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
4.494 пати