Во текот на една сезона стручњаците нѝ сервираат сѐ за тоа како треба да ги носиме разните трендови. Во продолжение погледните кои се десетте правила кои важат за секоја прикика и секоја сезона.

Квалитетна облека во неутрални тонови

Можете да ја носите повеќе сезони, како и да ја комбинирате во разни варијанти и за различни пригоди.

Носете она што ви стои совршено

Понекогаш е добро да ги игнорирате трендовите и да го носите она што вас ви е удобно и во што се чувствувате пријатно.

Намалете го плакарот

Кога е облеката во прашање, едно квалитетно и добро парче е понеопходно од мнозинство неквалитетни и лоши.

Избегнувајте ги распродажбите

Ако за некое парче облека не сте подготвени да ја платите целата сума, тогаш не се исплати ниту кога цената му е намалена.

 Животински дезен

Задолжително имајте едно такво парче- марама, брош, маица... Леопард, тигар, змија или било која друга животинска шара изгледа одлично, но ако ја искомбинирате умерено и со вкус.

Додатоци

Инвестирајте во квалитетни модни додатоци. Со нив некогаш ќе се чувствувате како жена од милион долари.

Покажете го само најдоброто

Изберете дали ќе биде тоа деколтето, или голи нозе, но никако и едното и другото.

Малку бои

Додадете малку бои. Иако вашата облека се темели на неутрални парчиња, секогаш е добро да имате по некоја маица, или џемпер во светла, весела или интензивна боја.

Над просекот

Ако не сте сигурни што да облечете, одлучете се за изглед што ќе ве направи натпросечно дотерани. Така, ако за некое место не знаете што е прикладно да се облече, сепак дотерајте се, затоа што подобро да се појавите такви, отколку несредени. Кога сме дотерани самодовербата ни е поголема, а таа никогаш не е на одмет.

Попис на работите

Направите добар инвентар на плакарот. Кога ќе бидете свесни што сѐ имате во него, полесно ќе ви биде да ја искомбинирате облеката.

Објавено:
18 јуни 2013
Категорија: 
Направи сам