5 начини за збогум на „топчињата“ на џемперите

18 јануари 2016

Она со што се соочуваме секоја зима, а веројатно сите нè нервира се несаканите „топчиња“ што се појавуваат на џемперите после неколку носења и перења.

Токму затоа, во продолжение ви претставуваме пет едноставни начини како да ги отстраните, но никако не ги извлекувајте рачно!

Ножици

-Најлесно ќе ги отстраните со ножици, но мора да бидете внимателни да не го исечете џемперот. Ставете го џемперот на рамна површина, потоа „топченцата“ фатете ги со прсти и внимателно исечете ги.

Чешел или камен за џемпери

-Овие производи се специјално наменети за отстранување на вишокот волна, а може да се купат во поголемите маркети или стоковни куќи или на Интернет.

Камен за пети

Ако брзо морате да се збогувате со овој несакан „моден додаток“, а при рака немате нешто од претходно наведените предмети, тогаш употребете камен за пети. Неговата груба текстура е одлична за отстранување на овие „точки од волна“. Со нежни движење преминете преку парчето облека што сакате да го „исчистите“. Бидете внимателни да не ја оштетите, но бидете и сиурни дека „топценцата“ ќе се закачат за грубата површина на каменот и ќе го решите вашиот проблем.

Бричалка

За трикот со бричалката биде успешен, облеката на која ѝ е потребно вакво чистење свртете ја од опачината и исперете ја на соодветна температура. Кога облеката ќе се исуши, вратете ја на „лице“ и раширете ја. Потоа со рака затегнете го делот преку кој нежно и на доволна раздалечина ќе преминете со бричалката. После ова, облеката треба да изгледа како нова.

Сунѓер

Иако сунѓерот е мек, како и џемперот, сепак тој може да го врати новиот сјај на ова парче облека. Со грубата страна од сунѓерот на мала оддалеченост преминете преку критичните места и работата ќе биде завршена.

Објавено:
18 јануари 2016
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
8.258 пати