7 чекори до уникатен стилски имиџ

30 јуни 2014

Кога за одредена личност ќе кажете дека е препознатлива по некое парче, како облека така и аксесоари тоа воедно е слика  дека токму таа или тој негува посебна лична естетика во однос на стилот. Сигурно имате омилени парчиња облека и аксесоари за кои би кажеле дека не би ги замениле со ништо, па дури и би ги носеле почесто. Во таа насока од продолжение алудираме на седум трикови кои ќе ви дадат персонален печат по начинот на кој ги применувате од комбинациите.

Чекор 1: Носете алтернативен накит

Само еден пример од многуте се обетките кои се прикачуваат од внатрешната страна на увото. Не дека вашиот избор мора да биде ваквата обетка, туку водете се по тоа да го најдете вистинското парче накит кое ќе ви одговара да го комбинирате со се.

Чекор 2: Винтиџ парче со есенцијална улога

Од фото примерот тоа е винтиџ сако со морнарски пруги, кое одлично се надополнува со трендовските парчиња како бојфренд фармерките и црната маичка со тантела.

Чекор 3: Подвиткајте ги ракавите

Ништо не изгледа полежерно од свиткани ракави. Понекогаш ваквиот начин на носење на ракавите може да промени многу од  целосениот изглед, секако во позитивен поглед.

Чекор 4: Вметнете суптилна сексапилност

Привлечноста можете да ја нагласите дури и од комбинации на парчиња во машки крој. Сексапилот не значи дека треба да покажете повеќе кожа, туку да споите парче со женствен акцент. Пример од фотографијата е романтичната маичка со тантела во пределот кај градите.

Чакор 5: Маичката или кошулата не мора да бидат целосно вовлечени во појасот

Во стајлинзите со класични парчиња не значи дека треба да се чувствувате стегнато. Слободно,  еден дел од маичката или кошулата извадете го да виси од појасот на здолништето или панталоните. Се разбира доколку тоа го дозволува спојот од останатите парчиња. Најчесто овој трик е компактен од спортско-елегантните стајлинзи.

Чекор 6: Носете ја чантата под палтото

Слично на оној трик кога ја оставате косата под палтото, така пробајте и со чантата. Бонус е тоа што овој трик ќе ве спаси од ненадејни крадци.

Чекор 7: Високите потпетици не се задолжителни

Барем во време кога модата нуди огромен избор, излезете од стегите дека за да изгледате женствено мора да носите високи потпетици. Потрудете се да го најдете вистинскиот чифт на рамни обувки што ќе можете да ги носите како за дневни така и за вечерни комбинации.

Објавено:
30 јуни 2014
Категорија: 
Направи сам