Блог полн со трикови за креативни празнични декорации

3 декември 2019

Функцијата на блоговите, без разлика каква тема опфаќаат, покрај другото е да нè инспирираат.
Затоа, кога ни недостига идеја, честопати знаеме да „навратиме" кај омилениот блог.

Со оглед на тоа дека ни следува празнична сезона, сметаме дека е вистинско време да ве запознаеме со едно креативно катче на Инстаграм, каде ќе наидете на бројни идеи за празнично декорирање на домот, независно за која сезона се работи.

„HomeLikeYours" зад кој стои @ssuzana_n e е идеално место полно со креатвни идеи, токму онакви какви што ќе ве инспирираат да го надополните вашиот дом со топла празнична магија.

Дополнителна мотивација е тоа што може да ги направите сами, а со тоа да им дадете уникатна нишка што ќе соодветствува на амбиентот во вашиот дом.

 

 

Објавено:
3 декември 2019
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
2.092 пати