Брз сладолед со само две состојки!

31 мај 2016

Со високите температури на кои сме сведоци веќе неколку дена, сѐ поголема е потребата за најубавиот летен десерт – сладоледот! 

Покрај тоа што ќе ве освежи, истиот е меѓу едно од највкусните јадења било кога создадени. Во комбинација со долг разговор со пријателите на вашата тераса, сладоледот е нешто без што не можеме да си ја замислиме летната сезона. 

Доколку имате малку време во попладневните часови, ви го презентираме најбрзиот и наједноставен рецепт за сладолед повкусен од кога и да е. 

Единствено потребни ви се калапи за сладолед, стапчиња, јагоди, јогурт и желба за дегустирање! 

300 гр. свежи јагоди

200 гр. грчки јогурт 

Калапи за сладолед

Подготовка: 

Во калапот за сладолед на стапче, исечете неколку парчиња јагоди, па потоа одозгора ставете две до три лажици од јогуртот за да добиете колоритен ефект. Во еден сад, исечете ги останатите јагоди и ставате ги во блендер околу една минута за да се направи густа смеса. Додајте ја и оваа смеса во калапот и оставете да се замрзне преку ноќ. 

На здравје!

Објавено:
31 мај 2016
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
2.083 пати