„Целофан“ новогодишни бонбони - враќање кон детството

24 декември 2018

Бонбони во црвени, зелени, сини, сребрени или златни целофани беа  чест декор на новогодишните елки порано. Тие нè потсетуваат на детство, а особено беа омилени бидејќи после можеа и да се јадат. 

Традицијата за китење на елката започнува од гемранските народи. Зимзелените дрвја симболизираат плодност, гранките ги кителе со свеќи, за да се осигураат дека годината ќе биде плодна и дека ќе ги одбијат лошите сили. 

Китењето елки со бонбони доаѓа од нашите простори. Освен со ореви и шишарки, нашите прабаби елките ги кителе и со бонбони, пред сè за да ги израдуваат најмалите во семејството.

Но, се не јаделе секогаш, туку им се давале на децата откако ќе завршат празниците. Тоа се најчесто бонбони завиткани во шарени хартифчиња односно целофани. Но, бидејќи децата честопати знаеле и скришно да ги крадат, во исти такви целофанчиња се виткале камчиња или гранчиња, за да ги залажат.

Бонбоните можат да бидат чоколадни или од карамела, но ако веќе зборуваме за традиционалната верзија, се изработуваат од шеќер, вода и желатин, во што се додаваат од екстракти од ванила или некој друг вкус. 

Сите состојки се мешаат и добро се варат во вода. Ако користите да речеме половина килограм шеќер, потребно ќе ви биде околу 250мл вода, а количеството на другите состојки одредете ги според вашиот вкус. 

Откако ќе добиете густа, еднолична смеса, ставете ја во метален сад и оставете да се излади, а потоа исечете ги во облик на долгнавести бомбони.

Ако со ова ве вративме во детството, тоа е доволна причина овие празници да ги израдувате најдрагите токму со целофан бонбони!

Објавено:
24 декември 2018
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
414 пати