Koжената јакна е едно од парчињата што ги носиме во секоја сезона. Но, како најдобро да ја сочуваме?
Машината за перење алишта не е добар избор, особено ако се работи за квалитетна јакна.
Секогаш читајте ја етикетата, за да видите која техника на чистење можете да ја примените. Исто така, ако не сте сигурни во нешто, тестирајте на кожата од внатрешната страна на јакната.
Токму затоа во продолжение ќе прочитате како на други начини и во домашни услови:
фото извор: glamour.com
-кожената јакна можете да ја исчистите ако ставите малку детергент за садови во топла вода. Потоа земете крпа и натопете ја во течноста, исцедете и со неа пребришете ја јакната. Никогаш не бидете груби при чистењето на кожените јакни, бидејќи многу лесно се оштетуваат. Исто така, не користете ниту премногу вода, затоа што може да остане голема дамка.
-во чистењето на дамките може да ви користи и пастата за забори. На дамката нанесете мало количество паста, но внимавајте да не е гел паста. Земете мека крпа и нежно тријте додека дамката не исчезне. Повторно, не претерувајте бидејќи така ќе го оштетите површинскиот слој. Потоа, остатокот од пастата на јакната отстранете го со чиста и влажна крпа.
-за да го спречите сушењето и пукањето на кожата, со што ќе ја направите отпортна на дамки во иднина, нанесете соодветен омекнувач за кожа. Ако дома немате таков производ, направете го сами. Помешајте оцет и ленено масло во размер 1:2. Нанесте ја кожата и чекајте 15-тина минути, а потоа полирајте со чиста крпа додека кожата не стане сјајна.
фото извор: Pinterest.com
-мрсните дамки и дамките од пот на кожената јакна можете да ги средите со помош на сода бикарбона. Нежно тријте ја дамката со важна карпа, на која претходно има сода. Нека отстои неколку часа (најдобро преку ноќ), а потоа пребришете ја со мека крпа и исушете со хартиени марамчиња.
Бонус: Дамките од мастило на кожената јакна ќе ги отстраните со помош на ацетон. Нанесте малку од ацетонот на стапчиња за уши. Не тријте директно на дамката, затоа што маслото може да се разлие по јакната. Нежно притиснете го стапчето на дамката, а после тоа пребришете првин со чиста, па со влажна, па потоа повторно со сува крпа.