Да се инспирираме од пролетните стајлинзи на познатите

14 мај 2014

 

Колку и да сме вешти и креативни во спојувањето на комбинации, постојат денови кога едноставно  ни недостига инспирација, па колку и да поседуваме парчиња во гардероберот ни се чини дека немаме доволно за да се облечеме според моменталното чувство. Познатите дами и модни инсајдерки секогаш се инспиративни за насока кон тоа како да носиме одредени модели, бои и текстури. Парите не секогаш се пресудни за добар стил, бидејќи чувството за мода се поседува одвнатре, водени по тоа токму оттука  во продолжение акцентираме на неколку важни основни парчиња што можеби веќе ги поседувате, но ви недостига самодоверба или креативност за да ги „прошетате“ на видело.

Karolina Kurkova Karolina Kurkova

Во првиот случај манекенката Каролина Куркова на себе има едноставна комбинација од спортски и формално елегантни парчиња. Бела тексасна јакна, бела кошула и бели класични панталони со висок струк. Ова е ситуација кога комплетно белиот стајлинг е одличен и за предку ден и за навечер. Црвените салонки кои контрираат дополнително додаваат доза на отменост и сензуалност. Ставете црвен кармин и очекувајте многу погледи и комплименти.

Brooklyn Decker Brooklyn Decker

Женствена и во машки крој. Овој минималистички стајлинг ќе ве претстави во уникатно светло, потребно е само да имате доволно доза  самодоверба и чувство дека се пронаоѓате во истиот. Црно коктел фустанче или комбинезон од кратки црни панталони веруваме дека имате, спојте ги само со класично сако и оксфордки и имате одличен стајлинг.

Camilla Belle Camilla Belle

Спој од два вида на тантела со различна нијанса, но блиска една со друга. Во овој случај Камила се одлучила за црна и сива кои иако „пресечени“ односно одвоени со ремен на струкот, делуваат како една целина. Оваа комбинација е одлична за вечерен женствен и елегантен дојам.

Jamie Chung Jamie Chung

Црна, бела и црвена, бои кои знаеме дека ви се допаѓаат кога делуваат заеднички. Џејми Чанг направила комбинација од црно-бело принт здолниште, едноставна бела маичка и црвено сако. Ова е безвременска комбинација, затоа кога немате идеја што да облечете, секогаш ваквата комбинација нека би биде избор број еден.

Jessica Alba Jessica Alba

Ова е случај кога краткиот топ открива многу малку, токму поради тоа што е споен со здолниште во А крој со екстремно висок струк. Алба за овој свој изглед изјави дека иако носи парче што повеќе открива, кога е споено на вистински начин дури ги покрива и недостатоците.

 

 
Објавено:
14 мај 2014
Категорија: 
Направи сам