Дали да ја перете штотуку купената облека?

8 август 2013

Луѓето честопати се прашуваат дали штотуку купената облека да ја перат или само да ја проветрат. Стручњаците велат- задолжително перење.

Без оглед на тоа што сме ја купиле во продавница, таа облека не е чиста.  Еве што се се наоѓа во штотуку купената облека.

Најновотор истражување врзано за чистотата на облеката покажа шокантни резултати. На парчињата облека кои ги тестирале, вклучувајќи и јакни, пронајдени се микроби кои инаку им припаѓаат на интимните делови на телото. Ако не ја исперете облеката по купувањето, можете да добиете инфекција.

Микробите можат да се задржат на облеката и до неколку недели, па дури и месеци. Од облеката се пренесуваат на телото, а понатаму се шират, со што доведуваат до разни зарази.

Исто така, после шопингот исперете ја облеката, затоа што никогаш не сте сигурни колку луѓе претходно ја пробале, а некаде се случува и а да ја купат облеката, а после неколку дена да ја вратат.  Трговците ја ставаат на полица за да се продаде повторно, секако не знаејќи каде таа била.

obleka 2

Објавено:
8 август 2013
Категорија: 
Направи сам