Декорации за балкон за што поубаво уживање

18 јуни 2020

Дворовите и балконите ни станаа места каде што најмногу можеме да уживаме. А за тоа да биде уште попријатено, важно е надворешниот простор да си го уредите по свој вкус.

Понекогаш просторот не ни дозволува да го добиеме посакуваното, но секогаш можеме да се служиме со трикови и детали кои ќе го направат крајниот резултат задоволувачки.

Балконот или дворот можете да го разубавите така што ќе имате маса и столчиња во некоја пастелна или интензивна боја. Или пак, можете оградата да ја префарбате.

Полиците каде што стојат цвеќињата можат значително да го подобрат визуелниот впечаток, како и изгледот на самите цвеќиња. Можат да бидат сите зелени или пак во различни бои.

Лулашките се веќе неколку сезони ултра популарен додаток за балкон или двор, па доколку имате место и можете да си ја дозволите, ќе направите мал рај во кој ќе сакате постојано да уживате.

Уште еден тренд е украсувањето балкони со черги или теписони. Одберете шара која ви се допаѓа и ќе добиете потопла атмосфера. Ако на тоа додадете и перници со принт или во бои по желба, нема да сакате да го напуштите балконот.

Доколку имате простор, додадете и некоја полица, на која можете да си чувате неколку списанија или сувенири од одмор. Меѓутоа, ова е подобро направите ако терасата односно балконот ви е затворен, во спротивно ќе бидат изложени на надворешни влијанија.

Просторот можете да го разубавите и со плетени детали - табуретки, прекривки и на тој начин да создадете рустична и романтична атмосфера. А кога сме кај романтиката, светилки во различна големина или боја се вистинскиот избор.

 

Погледнете уште неколку предлози, сигурни сме дека ќе ве инспирираат:

Објавено:
18 јуни 2020
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
10.275 пати